5-те најбарани фризури за оваа летна сезона

Летото е одличен период да направите промена на вашата фризура.

najbarani-frizuri-za-ovaa-letna-sezona-01.jpg

Ако не сакате да ја менувате бојата, секогаш можете да ја скратите косата и да го освежите нејзиниот изглед.

Вo последно време сè попопуларни се фризурите кои не бараат многу одржување и за кои најчесто е доволно само да ја исчешлате или да ја испеглате косата.

Погледнете кои се 5-те најбарани фризури за оваа летна сезона:

Асиметрична фризура

Без разлика дали имате права или виткана, густа или тенка коса, сигурно ќе ви стои асиметрична фризура.

Можете да ја дополните фризурата и со шишки.

Боб до раменици

Ова е одлична фризура ако сакате да ја скратите долгата коса. Не бара многу одржување, а одлично изгледа и виткана, и права.

5-te-najbarani-frizuri-za-ovaa-letna-sezona-03.jpg

Коса со средна должина

Ова е малку подолга верзија на боб фризурата и е совршениот избор ако не сте подготвени за голема промена.

Ако имате виткана коса, ова е најдобрата фризура за вас.

5-te-najbarani-frizuri-za-ovaa-letna-sezona-05.jpg

Долга коса

Во периодот на карантинот многумина ја исчуваа косата и сега не сакаат да ја скрататк. Ако имате долга коса, доволно е да отидете на фризер и само да ги отстраните испуканите врвови.

За разлика од другите, долгата коса бара повеќе нега, но со неа можете да правите безброј фризури.

5-te-najbarani-frizuri-za-ovaa-letna-sezona-06.jpg

Кратка боб фризура

Ако сепак сакате да направите голема промена, краткиот боб е многу добра опција.

Косата ќе биде доволно кратка за да не ви предизвикува проблеми во текот на летото, но и доволно долга за да можете да правите разни фризури.

5-te-najbarani-frizuri-za-ovaa-letna-sezona-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *