Детали од експлозивната биографија за Хари и Меган, плус нов напад од татко ѝ кон неа

По откриените „болни“ детали во новата биографија за нив, Меган и Хари наводно никогаш не планираат да се вратат на официјалните улоги во кралското семејство.

detali-od-eksplozivnata-biografija-za-hari-i-megan-plus-nov-napad-od-tatko-i-kon-nea-01.jpg

Откако беше објавена биографијата „Finding Freedom“ за врската на Меган Маркл и принцот Хари со кралското семејство, реакциите не стивнуваат. Се појави нова доза на тензија во британското кралско семејство.

Дури и таткото на Меган Маркл повторно се огласи во медиумите и, се разбира, повторно со отровни стрели кон ќерка си.

detali-od-eksplozivnata-biografija-za-hari-i-megan-plus-nov-napad-od-tatko-i-kon-nea-02.jpg

76-годишниот Томас ја критикуваше ќерка си и нејзиниот сопруг.

Од својот дом во Мексико за медиумите тој изјави: „Ова е најлошото можно време во светот за тие да плачат и да се жалат за што било – затоа што луѓето страдаат од пандемијата на корона вирус. Ја сакам мојата ќерка, но навистина не го ценам тоа во што се претвори таа.“

detali-od-eksplozivnata-biografija-za-hari-i-megan-plus-nov-napad-od-tatko-i-kon-nea-04.jpg

Во биографијата се вели дека кралското семејство ги советувало Меган и Хари да му обезбедат помош на Томас, но тие одбиле. Тој вели дека е изненаден од оваа вест.

Инаку, биографијата за Меган и Хари веќе е најпродавана книга на Amazon UK, две седмици пред објавувањето. Луѓето веќе прават нарачки од неа за да ги прочитаат сочните детали за кралскиот раздор.

Двајцата писатели на оваа книга консултирале повеќе од 100 извори блиски до Хари и Меган, меѓу кои и многу нивни поранешни вработени.

detali-od-eksplozivnata-biografija-za-hari-i-megan-plus-nov-napad-od-tatko-i-kon-nea-05.jpg

Инаку, во книгата се открива и дека принцот Хари толку многу сакал да се оттргне од кралското семејство, што на почетокот дури ја одбил идејата на кралицата за пробен период од 12 месеци во кој тој и Меган ќе функционираат сами, па потоа ќе донесат одлука дали навистина го напуштаат кралското семејство.

И додека некои извори во биографијата велат дека заминувањето е најголемата грешка што Хари и Меган можеа да ја направат, други мислат дека им е добро и дека тие изгледаат како да немаат желба да се вратат од Калифорнија во Велика Британија.

detali-od-eksplozivnata-biografija-za-hari-i-megan-plus-nov-napad-od-tatko-i-kon-nea-03.jpg

Биографијата открива и дека Хари ѝ кажал „те сакам“ на Меган, само 3 месеци по стапувањето во врска, но и дека иако Вилијам од старт не ја сакал Меган, сепак односот на двајцата браќа не бил толку лош.

detali-od-eksplozivnata-biografija-za-hari-i-megan-plus-nov-napad-od-tatko-i-kon-nea-09.jpg
detali-od-eksplozivnata-biografija-za-hari-i-megan-plus-nov-napad-od-tatko-i-kon-nea-07.jpg
detali-od-eksplozivnata-biografija-za-hari-i-megan-plus-nov-napad-od-tatko-i-kon-nea-06.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *