Дрога, љубов кон гробиштата: Другар на Анџелина Џоли открива мрачни детали од нејзината младост

Во младоста Анџелина Џоли била исто убава, но многу мрачна. Нејзин другар откри детали за неа и објави невидени фотки од нејзините тинејџерски денови.

alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-01.jpg

Во британските медиуми осамнаа никогаш досега видени фотографии и писма од Анџелина Џоли. Сега наградуваната актерка, некогаш била дива тинејџерка од Беверли Хилс.

alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-001.jpg

На некои од фотографиите таа на 14-годишна возраст пие со пријателите, се излежува на кревет, а позира дури и на гробишта.

alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-10.jpg

Џоли пишувала за своите мамурлаци, мажите што ја привлекувале и нејзиното дисфункционално семејство во писмата и разгледниците што им ги праќала на своите пријатели во тинејџерските години.

Изворот на овие фотографии и писма е личност со која Џоли одела во училиште во Калифорнија. Тој за неа вели дека била диво дете, пиела алкохол, пушела марихуана и експериментирала и со други работи.

alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-03.jpg

Но, вели дека отсекогаш имала големо срце и била дарежлива. Секогаш им позајмувала пари на пријателите и им давала на бездомниците.

alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-04.jpg

„Таа отсекогаш беше прекрасна личност и имавме прекрасно пријателство. Луѓето не сфаќаа дека таа е хумана… Дива, но хумана. Еднаш ја немав видено 6 месеци и ми даде пари штом се сретнавме. Таа не можеше да помине покрај бездомна личност, а да не ѝ понуди храна или пари.

Тоа беше кога имаше само 14 години, па не е чудно што сега помага на бегалци низ целиот свет.“

alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-05.jpg

Изворот додава дека Џоли имала дива мрачна странa:

„Се забавувавме, пиевме алкохол, пушевме цигари, земавме ЛСД (халуциногена дрога), одевме каде ќе ни текне со автобус, се облекувавме во црно и мислевме дека сме антихристи. Не сакавме да возиме модерни автомобили и се заложувавме за децата кои беа задевани во училиште.“

alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-09.jpg

Мајката на Анџелина Џоли починала на 56 години од рак на града и наводно ја терала Џоли да зема контрацепциски апчиња уште на 15-годишна возраст и му дала дозвола на тогашното момче на Џоли да спие во нејзината соба.

alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-06.jpg

„Енџи го стори спротивното, не спиеше со него и ги фрли апчињата во тоалетната шолја. Отсекогаш имаше силна волја, уште откако ја запознав на 13 години.“

Мајка ѝ сакала да биде кул мајка, па така на Џоли и пријателите им дозволувала да пијат кај неа дома.

alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-07.jpg

Но, врската на Џоли со нејзиниот татко била многу лоша, откако тој ја изневерил мајка ѝ. Изворот вели дека во еден миг таа дури фрлила нов компјутер низ прозорецот од бес.

Џоли имала мрачна страна, сонувала да стане директор на погребално друштво, а одела и на гробишта, каде се чувствувала одлично и се фотографирала. Била опседната со самоубиства и мрачната страна на животот.

alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-08.jpg

Таа изгледала прекрасно и била слаба, но агенциите за манекенство ја притискале уште да ослабе.

Во едно интервју Џоли изјави: „Јас во срцето сѐ уште сум и секогаш ќе бидам само едно панк дете со тетоважи.“

alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-14.jpg
alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-13.jpg
alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-12.jpg
alkohol-droga-ljubov-kon-grobishtata-mrachni-detali-od-tinejdjerskite-denovi-na-andjelina-djoli-11.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *