Како изгледа човекот кој сам си се прогласи за најстилски маж во Африка? (фото)

Се облекува од глава до пети во иста боја, па дури и маската на лице му е во тон, а чевлите се приказна сама за себе – ја заслужува ли Џејмс титулата која си ја дал сам за себе?

kako-izgleda-chovekot-koj-sam-si-se-proglasi-za-najstilski-mazh-vo-afrika-foto-01.jpg

Џејмс Маина Муанги од Кенија е човекот кој веројатно поседува најголем број одела во сите силни бои и секојдневно е облечен во модни комбинации со иста боја.

Од шапка и очила за сонце до кравата, маска за лице и телефон – сите парчиња облека и додатоци се во иста боја за неговата комбинација да биде складна.

Во 2018-та има изјавено дека поседува преку 160 одела, 300 шапки и 200 пара чевли, а благодарение на усогласувањето на сите парчиња според боја, тој секогаш е препознатлив и впечатлив на улица.

Тој е толку самоуверен што се смета себеси за најстилски маж во Африка, па дури и во целиот свет.

Се согласувате ли со него?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *