„Тие не треба да гледаат вакви испади“: Ким се враќа сама по средбата со Канје – ги штити децата од брачната драма

По драматичната средба со Канје која помина во солзи, Ким сама си замина дома за да ги заштити децата од семејната драма која не треба да ја гледаат во јавност.

tie-ne-treba-da-gledaat-vakvi-ispadi-kim-se-vrakja-sama-po-sredbata-so-kanje-gi-shtiti-decata-od-brachnata-drama-01.jpg

По низата скандалозни твитови на Канје, Ким одлета во Вајоминг на средба со него, која помина драматично и со солзи кои папараците ги уловија.

Сега ријалити ѕвездата е забележана како со приватен авион сама пристигнува во Лос Анџелес, облечена во тренерки и дуксер, со фатена коса во пунџа и скриено лице со големи очила.

Според изворите, 39-годишната Ким се вратила во Лос Анџелес за да биде со децата и да ги заштити од брачната драма која не треба да ја гледаат во јавност.

„Таа ги штити децата. Цело семејство го прави тоа. Се вртат околу децата и ги оттргнуваат од ова. Сите се трудат околу нив да создадат атмосфера дека сѐ е нормално. Тие не треба да гледаат такви јавни драматични сцени.“ – вели изворот за People.

tie-ne-treba-da-gledaat-vakvi-ispadi-kim-se-vrakja-sama-po-sredbata-so-kanje-gi-shtiti-decata-od-brachnata-drama-02.jpg

Изворите додаваат и дека таа е многу емотивна и очигледно изморена од целата оваа ситуација, со оглед на тоа што пред фановите откри дека Канје има проблеми со менталното здравје и дека е тешко да се живее со биполарна личност.

Најнови фотки од Ким:

tie-ne-treba-da-gledaat-vakvi-ispadi-kim-se-vrakja-sama-po-sredbata-so-kanje-gi-shtiti-decata-od-brachnata-drama02.jpg
tie-ne-treba-da-gledaat-vakvi-ispadi-kim-se-vrakja-sama-po-sredbata-so-kanje-gi-shtiti-decata-od-brachnata-drama06.jpg
tie-ne-treba-da-gledaat-vakvi-ispadi-kim-se-vrakja-sama-po-sredbata-so-kanje-gi-shtiti-decata-od-brachnata-drama05.jpg
tie-ne-treba-da-gledaat-vakvi-ispadi-kim-se-vrakja-sama-po-sredbata-so-kanje-gi-shtiti-decata-od-brachnata-drama04.jpg
tie-ne-treba-da-gledaat-vakvi-ispadi-kim-se-vrakja-sama-po-sredbata-so-kanje-gi-shtiti-decata-od-brachnata-drama03.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *