8 работи што дерматолозите сакаат да ги знаете за целулитот

Целулитот се всушност масните наслаги кои најчесто се појавуваат на нозете, задникот и колковите. Понекогаш, целулитот може да се појави и на рацете и градите.

raboti-shto-dermatolozite-sakaat-da-gi-znaete-za-celulitot-01.jpg

Целулитот е сосем нормална појава, но речиси секоја жена бара начин да се ослободи од него.

Постојат многу митови и заблуди за целулитот, па добро би било да погледнете што велат дерматолозите за него:

Речиси секоја жена има целулит

Околу 93% од жените имаат целулит, што значи не сте само вие. Значително поголем дел од жените имаат барем мал дел со целулит на телото, независно дали е слаба или со вишок килограми.

Целулитот е безопасен и не е болест

Иако секоја жена го мрази, целулитот е многу нормална појава. Тој не е нешто опасно, ниту нешто што мора да го отстраните.

Вежбањето може да помогне во намалувањето на целулитот

Бидејќи целулитот е всушност сало, зголемувањето на мускулната маса и вежбањето можат да ја намалат неговата видливост.

Воглавно, за да го намалите целулитот, треба да комбинирате слабеење и градење мускули.

Бидејќи повеќето жени имаат целулит на нозете и задникот, вежбите што ги активираат овие мускули се најефикасни.

И исхраната влијае врз неговата видливост

Ако се храните здраво, голема е веројатноста дека ќе се намали и вашиот целулит.

Наводно, антиоксидантите и омега 3 масните киселини се најдобрите сојузници во борбата против целулитот.

Експертите препорачуваат да внесувате повеќе ленено семе, бобинки и лосос, но и црно чоколадо, бидејќи е богато со антиоксиданти.

raboti-shto-dermatolozite-sakaat-da-gi-znaete-za-celulitot-03.jpg

Целулитот зависи и од гените

Без разлика колку килограми имате, постои веројатност да имате целулит. Жените чии мајки, баби и слично имале целулит, најверојатно ќе го имаат и самите, дури и ако се многу слаби.

Ова значи дека ако ослабете, нема гаранција дека ќе исчезне и вашиот целулит.

Мажите поретко имаат целулит

Жените се посклони кон целулит, најмногу бидејќи сврзното ткиво на нивната кожа е понежно, бидејќи женското тело треба да се прошири за време на бременост.

Што значи, за вашиот целулит е виновна само биологијата.

raboti-shto-dermatolozite-sakaat-da-gi-znaete-za-celulitot-04.jpg

Внимателно со скапите третмани што ветуваат одлични резултати

Сигурно сте виделе скапи креми против целулит, а можеби и веќе сте купиле. Но дерматолозите велат подобро да не трошите многу пари на ова. Ако навистина имате сериозен проблем со целулит, подобро консултирајте се со дерматолог и купувајте проверени препарати.

Кофеинот може да ја подобри текстурата на кожата

Повеќето креми против целулит содржат кофеин, а оваа состојка се покажала како ефикасна. Кофеинот ги намалува масните клетки бидејќи ги дехидрира, па ако купувате креми или пилинзи, одберете некој со кофеин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *