„Овој танц е многу тежок“ – Џанлука Ваки ужива на рајскиот остров Сардинија и се забавува со нов предизвик

Вљубениот безгрижен пар овојпат изведе танц што бара концентрација и синхронизација, покрај базен во луксузен ресорт.

ovoj-tanc-e-mnogu-tezhok-djanluka-vaki-uzhiva-na-rajskiot-ostrov-sardinija-i-se-zabavuva-so-nov-predizvik-01.jpg

Тие се на седмо небо откако дознаа дека очекуваат бебе, по само малку повеќе од една година врска.

Џанлука Ваки (52) и Шерон Фонсека (25) уживаат во крстарење по Италија со нивната јахта, а периодов се прикотвени на островот Сардинија во луксузен ресорт.

Моделот овојпат го покажа трудничкото стомаче во портокалови бикини, а со својот партнер Ваки го изведоа најтешкиот танц според нив досега.

Иако станува збор само за движење со рацете, потребна е концентрација и синхронизација.

Инаку Џанлука Ваки вели: „Пловењето ми е во крвта. Минувам многу време читајќи го ветрот и гледајќи го движењето на брановите. Ништо не ме исклучува од светот подобро отколку пловењето. Секогаш ќе биде во моето срце.

Сакаме нашата ќерка да се навикне на енергијата на морето.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *