Работи што не треба да ги правите на плажа во време на пандемија

Иако можеби овогодишните планови за летување ви пропаднаа, барем постои можност да отидете на плажа.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-na-plazha-vo-vreme-na-pandemija-001.jpg

Но, само затоа што некои плажи се отворени, не значи дека пандемијата завршила и дека опасноста е зад нас.

Ова лето треба да бидете особено внимателни кога излегувате од дома, без разлика каде одите, а овде спаѓа и одењето на плажа.

Затоа, погледнете што не смеете да правите на плажа додека трае пандемијата:

Не правете гужва

Полните плажи можат да бидат одлично место за шиење на вирусот, па избегнувајте ги гужвите по секоја цена.

Најдобро е да не посетувате попопуларни плажи на кои има многу народ, а кога ќе стигнете на плажата, осигурете се дека ќе ја поставите лежалката или крпата на безбедно растојание од другите.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-na-plazha-sred-pandemija-02.jpg

Немојте да одите кога има најмногу гужва

Обично плажите се најполни на пладне, па подобро избегнувајте да ги посетувате во овој период од денот.

Можете да одите на плажа рано наутро, кога нема речиси никој, а можете да одите и навечер – ако сте со партнерот, нема да најдете поромантично место.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-na-plazha-sred-pandemija-03.jpg

Не ја заборавајте заштитната маска

Не залудно ни повторуваат колку е важно носењето заштитни маски, а истите правила важат и на плажа. Да, маските можеби се неудобни, особено кога времето е топло, но ако сакате да се заштитите и себеси и вашите најблиски, носете ги и на плажа.

Истовремено, осигурете се дека ќе понесете и резерва, во случај да ја извалкате или да ја изгубите маската.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-na-plazha-sred-pandemija-04.jpg

Не ја носете маската во вода

Ова можеби е контрадикторно со претходното правило, но од Центарот за контрола на болести препорачуваат да не носите маска додека пливате. Причината е тоа што маската речиси сигурно ќе се намокри и нема да можете да ја носите, а дишењето преку неа ќе биде многу потешко.

Додека сте во вода треба да уживате и да дишете правилно, но затоа, не заборавајте да држите растојание дури и кога сте во вода.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-na-plazha-sred-pandemija-05.jpg

Не одете со голема група

Тешко е да одолеете на дружбите на плажа со пријателите, но годинава подобро воздржете се од тоа.

Одете на плажата со што е можно помалку луѓе, а држете растојание од останатите луѓе.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-na-plazha-sred-pandemija-06.jpg

Не ги игнорирајте мерките

Добро проверете кои мерки треба да ги почитувате на плажата на којашто ќе одите и држете се до нив – кога е отворена плажата, колку луѓе може да има во една група и слично.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-na-plazha-sred-pandemija-07.jpg

Не ги заборавајте средствата за дезинфекција

На плажата можеби ќе немате вода и сапун, но секогаш можете да понесете средство за дезинфекција на раце. Само осигурете се дека ќе ги отстраните песокот и кремовите за сончање од рацете пред да го нанесете средството.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-na-plazha-sred-pandemija-08.jpg

Немојте да „висите“ по продавници

Продавниците и тезгите покрај плажите можат да бидат навистина забавни, но оваа сезона избегнувајте ги.

Обично овде се создава многу метеж, што е многу поволно за ширење на вирусот.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-na-plazha-sred-pandemija-09.jpg

Немојте да делите храна или што било

Ова лето бидете и малку себични и немојте да ја делите храната, пијалаци или што било со другите. Купувајте храна само за вас, а немојте да користите и туѓа опрема, како маски за нуркање, крпи, лежалки…

Ако изнајмувате лежалка, добро дезинфицирајте ја пред да ја користите и ставете крпа.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-na-plazha-sred-pandemija-10.jpg

Не претерувајте со алкохол

Нема подобро освежување од коктел или пиво додека сте на плажа, но обидете се да бидете умерени. Сите знаеме дека ако испиеме некоја чашка повеќе се однесуваме помалку одговорно, а со ова го зголемувате ризикот да ги прекршите мерките и да се заразите.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-na-plazha-sred-pandemija-11.jpg

Не оставајте отпад

Ова е правило што треба да важи и кога нема пандемија – пред да си одите од плажата, соберете ги сите ваши работи, вклучувајќи го и отпадот. Во никој случај не ги оставајте маските каде било освен во канта.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-na-plazha-sred-pandemija-12.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *