Сајт им нуди на девојките да заработуваат објавувајќи голи фотки и видеа – СТОП за виртуелната проституција

По пандемијата од корона, овој сајт го доживеа својот врв. И не ова не е начин за лесна и брза заработувачка за девојките, туку е проституција.

sajt-im-nudi-na-devojkite-da-zarabotat-postirajkji-goli-fotki-i-videa-stop-za-virtuelnata-prostitucija-01.jpg

Пандемијата на светско ниво нѐ затвори во домовите, а Роуз Џонс е девојка од Велика Британија која по тој повод станала дел од сајт на кој девојките може да прикачуваат порнографски содржини и така да заработуваат.

sajt-im-nudi-na-devojkite-da-zarabotat-postirajkji-goli-fotki-i-videa-stop-za-virtuelnata-prostitucija-02.jpg

Сајтот „OnlyFans“ наводно на девојките им нуди брза и лесна заработувачка, но всушност станува збор за вирутелна проституција и цената која ја плаќа секоја девојка всушност е многу голема, иако на некои девојки за жал не им изгледа така.

sajt-im-nudi-na-devojkite-da-zarabotat-postirajkji-goli-fotki-i-videa-stop-za-virtuelnata-prostitucija-03.jpg

Роуз вели дека се смета себеси за интелигентна студентка која прави разголени фотографии од себе во различни фази додека се соблекува во текот на денот, тој материјал го прикачува онлајн и така заработува.

Вели дека одговара и на некои „специјални“ побарувања од страна на фановите.

sajt-im-nudi-na-devojkite-da-zarabotat-postirajkji-goli-fotki-i-videa-stop-za-virtuelnata-prostitucija-04.jpg

Овој сајт стана дигитален феномен со мрачна страна. Лансиран е пред 4 години, а во текот на карантинот го доживеа својот врв.

Наводно тоа е само уште една социјална платформа, но позадината е поинаква. Тука нема филтрирани фотографии од зајдисонца, туку многу посочна содржина.

sajt-im-nudi-na-devojkite-da-zarabotat-postirajkji-goli-fotki-i-videa-stop-za-virtuelnata-prostitucija-05.jpg

За разлика од другите социјални мрежи, на оваа е дозволено креаторите на содржина директно да примат уплати од нивните следбеници.

sajt-im-nudi-na-devojkite-da-zarabotat-postirajkji-goli-fotki-i-videa-stop-za-virtuelnata-prostitucija-06.jpg

Наводно никој не ги присилува девојките да прикачуваат разголена содржина, туку тие самите се инспирирани да го сторат тоа.

Овој навидум лесен начин на заработувачка втурнува многу девојки во виртуелна проституција.

sajt-im-nudi-na-devojkite-da-zarabotat-postirajkji-goli-fotki-i-videa-stop-za-virtuelnata-prostitucija-07.jpg

„OnlyFans“ има повеќе од 50 милиони корисници и 600.000 креатори на содржина, од кои дури 450.000 започнале со „работа“ во време на карантинот.

Оваа платформа дефинитивно ги наведува девојките на погрешен пат и ја заслужува секоја осуда.

sajt-im-nudi-na-devojkite-da-zarabotat-postirajkji-goli-fotki-i-videa-stop-za-virtuelnata-prostitucija-10.jpg
sajt-im-nudi-na-devojkite-da-zarabotat-postirajkji-goli-fotki-i-videa-stop-za-virtuelnata-prostitucija-09.jpg
sajt-im-nudi-na-devojkite-da-zarabotat-postirajkji-goli-fotki-i-videa-stop-za-virtuelnata-prostitucija-08.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *