Еден ден ти ќе бидеш лек за нечие скршено срце

Еден ден ти ќе бидеш најдоброто нешто што му се случило некому. И тој некој ќе биде сѐ што некогаш ти било потребно во животот.

eden-den-ti-kje-bidesh-lek-za-nechie-skrsheno-srce-01.jpg

Можеби на моменти се чувствуваш безнадежно, сѐ ти изгледа мрачно и без бои, но тоа е само дел од циклусот на животот.

Можеби се чувствуваш изгубено сега, но еден ден не само што ќе се чувствуваш одлично, туку ќе бидеш нечија причина за среќа.

Еден ден ти ќе бидеш причина зошто некој се смее повторно. Ти ќе бидеш причината зошто некој конечно ќе сфати кој е, ќе се прифати себеси и ќе се вљуби во тоа што е.

Ти ќе бидеш личноста што никогаш не очекуваше дека ќе бидеш. Ќе бидеш нечиј ангел, нечиј заштитник, нечиј животен сопатник, нечиј цел свет.

Еден ден твојата љубов ќе излечи нечие скршено срце. Ти ќе му помогнеш некому да се смее повторно и да си ја врати самодовербата.

Ќе му помогнеш да си ги излекува раните и да сфати дека и покрај сѐ не е сѐ изгубено. Ти ќе бидеш таа што ќе му помогне да го пронајде својот пат во животот и ќе го научи да се сака повторно.

eden-den-ti-kje-bidesh-lek-za-nechie-skrsheno-srce-02.jpg

Еден ден ти ќе бидеш светлината во нечиј живот. Ти ќе ги осветлиш мрачните делови од неговата душа и ќе го стопиш мразот околу него. Ти ќе бидеш некому сонце во студен зимски ден или вода во врела пустинска ноќ.

Ти ќе бидеш светлината што ќе го ослободи. Ќе бидеш личноста која сонувал дека ќе ја запознае целиот свој живот. Ти ќе му ја отстраниш болката и ќе направиш да се чувствува сакано повторно.

Еден ден ти ќе помогнеш некому да си го отвори срцето повторно. Да верува во себе, да излезе од кафезот и да ги рашири крилјата. И тоа ќе ти помогне.

Тоа ќе направи да сфатиш што е вистинска љубов… Силна, страсна, неверојатна, возбудлива, инспирирачка и вечна.

Сѐ ќе има смисла повторно и за првпат во животот ќе сфатиш зошто не функционираше со другите луѓе. Ќе сфатиш дека секој пат кога беше разочарана, всушност судбината те подготвуваше да се појавиш во животот на оваа личност.

Еден ден ти ќе бидеш најдоброто нешто што му се случило некому. И тој некој ќе биде сѐ што некогаш ти било потребно во животот.

извор : Извор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *