Ким Кардашијан и Канје Вест живееле одделено цела година – му одела на гости еднаш месечно

Ситуацијата во бракот од 6 години на Ким и Канје била критична веќе една година. Што се случувало на страна од камерите?

kim-kardashijan-i-kanje-vest-zhiveele-oddeleno-cela-godina-mu-odela-na-gosti-ednash-mesechno-01.jpg

Ким Кардашијан и Канје Вест се во брак 6 години, но ситуацијата дефинитивно не изгледа добро за славниот пар.

kim-kardashijan-i-kanje-vest-zhiveele-oddeleno-cela-godina-mu-odela-na-gosti-ednash-mesechno-07.jpg

Ким имаше емотивна средба со Канје, на која беше фотографирана со солзи во очите, прва по скандалите.

kim-kardashijan-i-kanje-vest-zhiveele-oddeleno-cela-godina-mu-odela-na-gosti-ednash-mesechno-04.jpg

Но, извор близок до парот вели дека тие живеат одделeно веќе цела година. Дистанцирани се и контроверзниот 43-годишен рапер живее сам во Вајоминг на ранч од 14 милиони долари, додека Ким го посетува само еднаш месечно со нивните 4 деца.

kim-kardashijan-i-kanje-vest-zhiveele-oddeleno-cela-godina-mu-odela-na-gosti-ednash-mesechno-10.jpg

Канје сакал Ким и децата да живеат со него во Вајоминг, но ријалити ѕвездата не сакала да се откаже од животот во Лос Анџелес каде го снима реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“.

kim-kardashijan-i-kanje-vest-zhiveele-oddeleno-cela-godina-mu-odela-na-gosti-ednash-mesechno-06.jpg

„Канје е во Вајоминг последната година, а Ким оди на секои 5 седмици и му ги носи децата. Тие не минуваат време заедно, откако тој комплетно го префрли својот живот во Вајоминг и тоа не е местото каде е неговото семејство, каде децата му oдат во училиште…

Ким знае дека не е здраво да биде околу Канје периодов ниту за неа, ниту за децата. Тој мора да се собере за да биде каков било партнер или татко во иднина.“, вели извор близок до парот, кој додава дека Вајоминг наводно бил добар за кретивноста на раперот.

kim-kardashijan-i-kanje-vest-zhiveele-oddeleno-cela-godina-mu-odela-na-gosti-ednash-mesechno-09.jpg
kim-kardashijan-i-kanje-vest-zhiveele-oddeleno-cela-godina-mu-odela-na-gosti-ednash-mesechno-08.jpg
kim-kardashijan-i-kanje-vest-zhiveele-oddeleno-cela-godina-mu-odela-na-gosti-ednash-mesechno-05.jpg
kim-kardashijan-i-kanje-vest-zhiveele-oddeleno-cela-godina-mu-odela-na-gosti-ednash-mesechno-03.jpg

Но, и покрај сите проблеми наводно парот не сака да се разведе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *