Колку проценти од жените имаат проблем со постигнувањето на оргазам?

Зошто говорењето за женскиот оргазам останува табу тема надвор од докторската ординација и спалната?

kolku-procenti-od-zhenite-imaat-problem-so-postignuvanjeto-na-orgazam-01.png

И покрај тоа што модерното општество е отворено за женската сексуалност, постојат многу табуа.

Едно од нив е женскиот оргазам. Жените ретко се упатени во нивната анатамоија и учат низ сопственото искуство работи од типот кој е најдобриот начин да се дојде до оргазам, дали треба да очекуваат оргазам само преку пенетративен секс, зошто ретко или никогаш не доживуваат оргазам итн.

kolku-procenti-od-zhenite-imaat-problem-so-postignuvanjeto-na-orgazam-04.jpg

Доктор Шери А Рос е гинеколог од Лос Анџелес со 25-годишно искуство и таа објаснува многу од овие работи во нејзината книга She-ology: The Definitive Guide to Women’s Intimate Health. Period.

Таа уште на почетокот од книгата пишува дека говорењето за големото „О“ на жените (женскиот оргазам) останува табу тема надвор од докторската ординација и спалната.

kolku-procenti-od-zhenite-imaat-problem-so-postignuvanjeto-na-orgazam-03.png

Шери отворено говори дека на некои жени им е навистина тешко да доживеат оргазам. Истражување покажува дека 43% од жените имаат некаква тешкотија при доживувањето оргазам, а на дури 12% неможноста да постигнат оргазам им влијае на целокупниот живот и им предизвикува стрес.

За многу од овие жени проблемот е решлив само со отворен разговор со партнерот околу тоа што и како сакаат во креветот, додека останатите исто така може да ја средат својата ситуација во консултација со лекар.

kolku-procenti-od-zhenite-imaat-problem-so-postignuvanjeto-na-orgazam-02.jpg

За жал, уште постои т.н. неправда на половите, односно ретко се говори за сексуална дисфункција кај жените, за разлика од кај мажите. Поточно доктор Шели вели дека има многу одобрени лекови за третман на еректилната дисфункција кај мажите и 0 кај жените.

Таа вели дека во текот на својата кариера сретнала многу жените кои имаат проблем да постигнат оргазам во своите 20ти, 30ти и 40ти години од животот. Всушност, 10 до 20% од жените никогаш не искусиле оргазам во животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *