Креативни идеи за украсување на празните ѕидови во домот

Празните ѕидови во домот можат да изгледаат навистина монотоно, но тие можат да бидат и „платно“ на кое ќе ја покажете вашата креативност.

kreativni-idei-za-ukrasuvanje-na-praznite-dzidovi-vo-domot-01.jpg

Ако сакате да направите промена во домот, а имате просторија со празни ѕидови, сосем доволно е да ги украсите нив за целосно да ја освежите собата.

Ѕидовите можете да ги украсите со речиси сè, а единствено треба да обрнете внимание на стилот на просторијата.

Погледнете со што сè можете да ги украсите празните ѕидови во домот:

Големо уметничко дело или фотографија

Големата слика или фотографија на ѕидот сигурно ќе привлече внимание. Ако просторијата е уредена минималистички можете да закачите црно-бела слика или фотографија, но можете да ѝ додадете живост на просторијата и со некое апстрактно дело.

kreativni-idei-za-ukrasuvanje-na-praznite-dzidovi-vo-domot-02.jpg

Галерија од слики и фотографии

Наместо една голема, закачете неколку помали слики или фотографии. На некој начин, претворете го празниот ѕид во мала уметничка галерија.

kreativni-idei-za-ukrasuvanje-na-praznite-dzidovi-vo-domot-03.jpg

Ѕидни украси

Можете да го украсите ѕидот и со украси направени од ткаенина, волна и слично. Дури можете да закачите и некоја интересна марама.

kreativni-idei-za-ukrasuvanje-na-praznite-dzidovi-vo-domot-04.jpg

Огледало

Огледалото визуелно го зголемува малиот простор, па ако станува збор за помала соба, тоа е најдобриот украс. Можете да закачите и неколку помали огледала, наместо едно големо.

kreativni-idei-za-ukrasuvanje-na-praznite-dzidovi-vo-domot-05.jpg

Мурал

За вистински да ја разбудите вашата креативност, украсете го белиот ѕид со мурал. Нема потреба да цртате нешто комплицирано – и апстрактните шари и форми ќе изгледаат одлично.

kreativni-idei-za-ukrasuvanje-na-praznite-dzidovi-vo-domot-06.jpg

Ѕидни ламби

Ако немате простор за подна ламба, ѕидните ламби се одличен начин да додадете уште еден извор на светлина во просторијата.

kreativni-idei-za-ukrasuvanje-na-praznite-dzidovi-vo-domot-07.jpg

Растенија

Денес лесно можете да најдете саксии што се закачуваат, па слободно претворете го ѕидот во мала градина.

kreativni-idei-za-ukrasuvanje-na-praznite-dzidovi-vo-domot-08.jpg

Кошници

Без разлика дали ѕидот е бел, шарен или со каква било боја, кошниците секогаш ќе изгледаат интересно.

kreativni-idei-za-ukrasuvanje-na-praznite-dzidovi-vo-domot-09.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *