Лозенец – мало селце на бугарското приморје кое ќе ве освои со шармот и прекрасните плажи (фото)

Со вестите кои пристигнаа од нашиот источен сосед дека влезот во Бугарија е конечно дозволен за македонските граѓани, може да почнеме да размислуваме за дестинации за одмор. Препорачуваме една мирно и не толку познато и експонирано место за одмор кое ќе го задоволи вкусот на сите оние кои се во потрага по релаксиран одмор и прекрасни плажи.

Lozenec-malo-selce-na-bugarskoto-primorje-01.jpg

Лозенец е селско, приморско одморалиште на јужниот бугарски брег на Црното Море. Тоа е дел од Општината Царево, кое припаѓа во рамките на провинцијата Бургас.

Бројот на жители изнесува околу 700 кои генерално се занимаваат со туризам и рибарство, а во близина се наоѓа и еден од најголемите центри за нуркање во Европа.

Погледнете ја летната идила на Лозенец:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *