Џенифер Анистон со мајка ѝ: Ѕвезди кои не комуницираат со некој од своите роднини

„Неблагодарно чудовиште, имаш ужасен нос како татко ти“, се дел од погрдните зборови кои мајката на Џенифер Анистон ѝ ги упатувала како дете. Зошто Мадона не комуницира со брат ѝ, а Меколи Калкин со родителите?

djenifer-aniston-so-majka-i-dzvezdi-koi-ne-komuniciraat-so-nekoj-od-svoite-rodnini-01.jpg

„Неблагодарно чудовиште, имаш ужасен нос како татко ти“, се дел од погрдните зборови кои мајката на Џенифер Анистон ѝ ги упатувала како дете.

Кои ѕвезди не разговараат со некој од своите родители или брат/сестра? Кога виновник се парите, а кога негрижата?

Ѕвезди кои не комуницираат со некој од своите роднини:

Анџелина Џоли со татко ѝ

Анџелина Џоли имала тешко детство и нејзините родители се развеле кога била бебе од 1 година. Татко ѝ Џон ја изневерил мајка ѝ и по разводот мајка ѝ требала да се грижи сама за Анџелина и нејзиниот постар брат Џејмс.

Џоли го мрази татко ѝ, а тој во една пригода изјави дека неговата ќерка не е добра психички. Таа не го покани на свадбата со Бред Пит.

djenifer-aniston-so-majka-i-dzvezdi-koi-ne-komuniciraat-so-nekoj-od-svoite-rodnini-02.jpg

Мадона со брат ѝ

Мадона има тежок однос со нејзиното семејство. Уште од детството таа не го сакала нејзиниот постар брат Ентони кој водел асоцијален стил на живот и, според биографијата на Мадона, ја исмевал.

Тој бил најстар од 8-те деца и Мадона комплетно ја прекинала комуникацијата со него. Има криминално досие, проблеми со алкохолот и наводно е бездомна личност.

Поради проблемите со алкохолот бил избркан и од семејниот бизнис со вино. На почетокот тие му плаќале за третмани за рехабилитација, но сѐ било бесполезно.

djenifer-aniston-so-majka-i-dzvezdi-koi-ne-komuniciraat-so-nekoj-od-svoite-rodnini-03.jpg

Кејт Хадсон со биолошкиот татко

Актерот Бил Хадсон, татко на актерката Кејт Хадсон и актерот Оливер Расел, даде едно скандалозно интервју во кое изјави дека конечно ги напушта неговите деца.

Причината за ова е што тие за Денот на таткото на социјалните мрежи прикачиле фотографија од нивниот очув Курт Расел и му честитале нему.

Кејт го смета Расел за свој татко, затоа што ја прифатил како своја, откако мајка ѝ се развела од нејзиниот биолошки татко во 1983 година.

djenifer-aniston-so-majka-i-dzvezdi-koi-ne-komuniciraat-so-nekoj-od-svoite-rodnini-04.jpg

Џенифер Анистон со мајка ѝ

Џенифер престанала да комуницира со својата мајка откако таа напиша книга за неа во која открива детали за приватниот живот на ќерка си.

Актерката откри дека како мала трпела голема тортура од мајка ѝ и дека во животот не сретнала личност со повеќе барања од неа. Уште во детството ја нарекувала неблагодарно чудовиште.

Таа ѝ велела дека има ужасен нос како татко ѝ и ѝ давала и низа други критики за изгледот.

djenifer-aniston-so-majka-i-dzvezdi-koi-ne-komuniciraat-so-nekoj-od-svoite-rodnini-05.jpg

Бијонсе со татко ѝ

Таткото на Бијонсе ја изневерил мајка ѝ во 2011 година по 30 години брак. Мајката на Бијонсе веднаш се развела од него, а Бијонсе го отпуштила од работната позиција нејзин менаџер.

Три години подоцна тој решил да се ожени повторно, но ќерките не дошле на свадбата.

djenifer-aniston-so-majka-i-dzvezdi-koi-ne-komuniciraat-so-nekoj-od-svoite-rodnini-06.jpg

Хали Бери со татко ѝ

Актерката не разговара со татко ѝ затоа што тој не бил дел од нејзиното растење и смета дека е виновен за нејзиниот лош однос со мажите денес.

djenifer-aniston-so-majka-i-dzvezdi-koi-ne-komuniciraat-so-nekoj-od-svoite-rodnini-07.jpg

Меколи Калкин со родителите

Неговите родители се разведоа поради неговите финансии кога беше дете ѕвезда. Сега, тој не комуницира со нив затоа што смета дека повеќе го интересираат неговите пари, отколку тој како личност.

djenifer-aniston-so-majka-i-dzvezdi-koi-ne-komuniciraat-so-nekoj-od-svoite-rodnini-08.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *