Знаци кои откриваат дека вашиот партнер најверојатно ќе биде добар татко

Ако сте во сериозна врска и некогаш сакате да имате деца, сигурно сте се запрашале каков татко би бил вашиот партнер.

znaci-deka-vashiot-partner-verojatno-kje-bide-dobar-tatko-01.jpg

Нормално, не можете со сигурност да знаете сè додека не се случи тоа, но постојат некои знаци што ги „издаваат“ мажите кои се добри татковци.

Погледнете за кои станува збор:

1. Одлучен е. Кога ќе формирате семејство, важно е да имате поддршка од партнерот, а одлучниот маж ќе ви го овозможи токму тоа.

2. Понекогаш ви се спротивставува. Кога ќе погрешите, партнерот ви го кажува тоа, без да создава конфликт. Ова е одлика што е важна кога ќе дојде време за воспитување на детето.

3. Ви покажува сочувство и сака да помага. Ова значи дека нема само вие да бидете одговорни за вашето дете – и партнерот ќе ви помага со сите обврски.

4. Има милениче. Не значи дека ако партнерот нема милениче, ќе биде лош родител. Едноставно, ако знае да се грижи за друго суштество веројатно ќе биде и добар татко.

5. Одговорен е. Благодарение на ова, знаете дека партнерот нема да ги избегнува обврските и ќе можете да сметате на него.

6. Може да функционира и под притисок. Каков проблем и да настане во семејството, ако партнерот ја има оваа способност, тогаш знаете дека и тој ќе ви помогне.

7. Се грижи и за вашите потреби. Ова не значи дека тој ви ги исполнува сите желби, но секогаш ве зема предвид и вам. Тој е несебичен и сигурно ќе биде многу грижлив татко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *