Какви емоции има човекот на илустрацијата?

Овој забавен, илустриран тест ќе ви покаже какви емоции ве понесуваат најчесто.

kakvi-emocii-ima-covekot-na-ilustracijata-001.jpg

Пред вас има една илустрација на човек. Но, каков му е изразот на лицето?

Дали човекот е бесен, изненаден, меланхоличен или едноставно не гледате емоции на лицето?

Кој е вашиот од четирите можни одговори?

.

.

.

.

.

.

.

Доколку гледате бес…

Склони сте на насилни реакции. Дури и најситните детали ви го нарушуваат балансот. Но, ако го криете бесот, работите стануваат уште полоши – станувате самодеструктивни. Обидете се да медитирате, да пешачите и да практикувате смирувачки активности.

Доколку гледате изненадување…

Вие сте човек кој без разлика на годините, има способност да ги види убавините во животот. Најобичните ситници знаат да ве направат искрено среќни. Креативни сте и поемотивни од повеќето луѓе.

Доколку гледате меланхолија…

Ова укажува дека постои криза во вашите врски со пријателите, семејството и партнерот. Исплашени сте од загуби за кои не сте спремни. Мора да запаметите дека минатото не се повторува, туку треба да се свртите кон иднината.

Доколку не гледате емоции…

Потсвесно, сте минале низ некоја емоционална траума, па затоа сега сте постојано ладни и воздржани. Сметате дека така најдобро ќе се заштитите од повредување. Не се затворајте пред позитивните луѓе и ситуации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *