Лето во чинија – лесна, овошна салата со лубеница и нане

Сезоната на лубениците е во ек и речиси сите го обожаваме ова неверојатно вкусно, нискокалорично и освежително овошје. Доколку ви здодеа да јадете резанки, можеби е време да испробате едноставен рецепт кој ќе ѝ даде поинаков шмек на лубеницата.

Leto-vo-cinija-salata-so-lubenica-i-nane-01.jpg

Се прави брзо и лесно, а вкусот е мошне освежителен.

Потребни состојки:

  • 1 мала или ½ поголема лубеница (доколку надминува 5 kg)
  • 340 g свежи малини
  • 2 лажици свежо исечкано нане (околу 4-5 ливчиња)
  • Свежо исцеден сок од 1 лимета

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете ја исечканата лубеница на помали коцки. Додадете ги малините, свежото сечкано нане и сокот од лимета.

Добро измешајте и оставете да се олади во фрижидерот најмалку 2 часа.

Leto-vo-cinija-salata-so-lubenica-i-nane (1).jpg
Leto-vo-cinija-salata-so-lubenica-i-nane (2).jpg
Leto-vo-cinija-salata-so-lubenica-i-nane (3).jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *