Хотел во Јордан во кој можете да ноќевате среде пустина, под ѕвездено небо (фото)

Необичните хотели стануваат навистина популарни, па досега сигурно сте налетале на хотели налик иглу, шатор и што уште не.

hotel-vo-jordan-vo-koj-mozhete-da-nokjevate-sred-pustina-pod-dzvezdeno-nebo-foto-01.jpg

Во Јордан, пак, постои хотел чии соби наликуваат на балони и ви овозможуваат да спиете среде пустина, под ѕвезденото небо.

Проѕирните куполи се климатизирани, а имаат и мали приватни тераси за вистинско уживање.

Хотелот е наречен Petra Bubble Luxotel и се наоѓа во близина на Петра, а покрај ноќевање, за гостите нуди и џакузи на отворено, приватен тоалет и ручек и вечера во заедничка просторија.

Погледнете како изгледа престојот во овој интересен хотел:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *