Модно тркало за комбинирање бои – никогаш нема да погрешите

Кога станува збор за мода, една од најтешките работи е комбинирањето на боите. Но, постои трик што многу ќе ви помогне во ова.

moden-vodich-za-kombiniranje-boi-so-koj-nikogash-nema-da-pogreshite-01.jpg

Станува збор за користење на таканареченото тркало со бои, каде што боите се поставени според нивната положба на електромагнетниот спектар.

Тркало со бои

Важно е да знаете дека боите на тркалото се поделени во три групи:

Примарни: жолта, црвена и сина. Ова се основни бои кои не можат да се добијат со комбинација од другите.

Секундарни: портокалова, зелена и виолетова. Овие бои се добиваат со мешање на примарните бои.

Терцијарни: Овде спаѓаат сите останати нијанси кои се добиваат со мешање на примарните и секундарните бои.

trkalo-so-boi-moden-vodich-za-kombiniranje-boi-so-koj-nikogash-nema-da-pogreshite-02.jpg

Контраст

Контрастот има голема улога во модните комбинации. На пример, облеката со помал контраст, како Леонардо на фотографијата, ја перципираме како посериозна. Од друга страна, поголемиот контраст ја прави комбинацијата покреативна и позабавна, но помалку професионална.

trkalo-so-boi-moden-vodich-za-kombiniranje-boi-so-koj-nikogash-nema-da-pogreshite-03.jpg

Црната и белата се секогаш добар избор

Кога немате време да комбинирате бои, никогаш нема да погрешите со црно-бела комбинација.

Црната никогаш не излегува од мода и е погодна и за деловни, и за секојдневни комбинации. Истото важи и за белата, која најдобро изгледа во топлите денови.

trkalo-so-boi-moden-vodich-za-kombiniranje-boi-so-koj-nikogash-nema-da-pogreshite-04.jpg

Ладни и топли бои

Сините, зелените и виолетовите нијанси спаѓаат во ладни бои, и најдобри се за постудените месеци. Овие бои изгледаат и попрофесионално, па се одлични за деловни комбинации.

Топли бои се нијансите како црвена, жолта, портокалова, кафеава, златна … Најдобро изгледаат во потоплите месеци.

trkalo-so-boi-moden-vodich-za-kombiniranje-boi-so-koj-nikogash-nema-da-pogreshite-05.jpg

Правење комбинации според тркалото со бои

Спротивни бои

Ако сакате контраст, секоја боја можете да ја комбинирате со онаа што е спротивна на неа на тркалото. На пример, Зендеја направила комбинација од жолта и виолетова.

trkalo-so-boi-moden-vodich-za-kombiniranje-boi-so-koj-nikogash-nema-da-pogreshite-06.jpg

На следната фотографија се гледа комбинација од други спротивни бои – портокалова и сина.

trkalo-so-boi-moden-vodich-za-kombiniranje-boi-so-koj-nikogash-nema-da-pogreshite-07.jpg

Комбинирање соседни бои

Можете да правите комбинации и со бои што се наоѓаат блиску една до друга. Во оваа комбинација, Тејлор Свифт ги комбинирала розовата и портокаловата, кои се блиску една до друга тркалото.

trkalo-so-boi-moden-vodich-za-kombiniranje-boi-so-koj-nikogash-nema-da-pogreshite-08.jpg

Овде, пак, имаме комбинација од три соседни бои – темна и светла зелена и жолта.

trkalo-so-boi-moden-vodich-za-kombiniranje-boi-so-koj-nikogash-nema-da-pogreshite-09.jpg

„Триаголник“

Оваа техника е одлична ако сакате да комбинирате повеќе бои. Во овој случај треба да си замислите рамностран триаголник на тркалото со бои.

Одберете една боја, на пример сина, и останатите две бои ќе бидат другите две темиња на триаголникот. Во овој случај, тоа се црвената и жолтата.

Викторија направила комбинација со црвени панталони, светло сина кошула и жолт, односно златен часовник.

trkalo-so-boi-moden-vodich-za-kombiniranje-boi-so-koj-nikogash-nema-da-pogreshite-10.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *