Нане за главоболки, магдонос за висок крвен притисок – растенија и зачини одлични за вашето здравје

Употребата на зачини и растенија за справување со одредени болести станува сè почеста.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-01.jpg

Нормално, овие народни лекови не можат да заменат терапија препишана од лекар, особено ако станува збор за нешто посериозно, но можат да ви помогнат да го зајакнете вашиот имунитет или да се справите со лесни симптоми, како оние од настинка.

Погледнете ги 10-те зачини и растенија кои се одлични за вашето здравје:

Лук

Лукот е одличен во борбата против грип и настинка. Може да го намали крвниот притисок, но и ризикот од срцеви заболувања. Лукот содржи и антиоксиданти, за кои се верува дека можат да бидат како превенција од Алцхајмер и деменција.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-02.jpg

Рузмарин

Мирисот на рузмаринот може да ги подобри концентрацијата, перформансот и расположението. Некои истражувања покажале дека може да го забави и стареењето на мозокот.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-03.jpg

Чили пиперчиња

Состојката што им ја дава лутината на овие пиперчиња може да го забави стареењето.

Овие пиперки можат да ја намалат болката, но и да ви помогнат ако се обидувате да ослабите.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-04.jpg

Ѓумбир

Ѓумбирот ја подобрува дигестијата и ги намалува гасовите. Истовремено, може да ја ублажи настинката и да ги намали болката и воспаленијата.

Ѓумбирот е одличен и за бремените жени кои имаат утринска мачнина, но и за повеќето проблеми со стомакот.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-05.jpg

Магдонос

Магдоносот може да ви помогне да се справите со високиот крвен притисок. Тој содржи и витамин К, поради кој ги зајакнува коските.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-06.jpg

Нане

Нането ќе ви помогне да се ослободите од главоболките. Ако имате затнат нос, парата од чајот од нане може да ви биде од корист.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-07.jpg

Цимет

Циметот помага во борбата против инфекции и ја поттикнува обновата на кожата. Неговите антивоспалителни својства можат да го намалат и ризикот од срцеви заболувања.

Се верува дека циметот може да го намали и ризикот од некои видови рак.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-08.jpg

Камилица

Чајот од камилица може да ги намали менструалните болки, но и да ви помогне со променливото расположение тој период од месецот.

Овој чај го намалува и нивото на шеќер во крвта, а е одличен и за дијабетичарите.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-09.jpg

Власец

Власецот има состојка што може да го подобри квалитетот на вашиот сон.

Ова растение може да има влијание и врз лачењето серотонин, со тоа ублажувајќи ги симптомите на депресија и подобрувајќи го вашето расположение.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-10.jpg

Лаванда

Маслото од лаванда е одлично за убоди од инсекти. Истовремено, може да биде корисно за луѓе кои страдаат од анксиозност, депресија и несоница.

Маслото од лаванда е добро и во борбата со бактериските инфекции, а можете да го користите и како навлажнувач на кожа.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-11.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *