Фризури кои може да ги правите на мокра коса, кога е топло за сушење

Во летните месеци, едно од најпроблематичните нешта е сушењето на косата со фен, па можеби се обидувате да го избегнете.

odlichni-frizuri-shto-mozhete-da-gi-napravite-na-mokra-kosa-01.jpg

Но знаеме и дека ако ја оставиме косата да се исуши сама, ќе ни треба многу повеќе време за да ја обликуваме.

За среќа, постојат некои фризури што можете да ги направите и на мокра коса, а со кои сигурно ќе изгледате одлично:

Влажен изглед

За оваа фризура оставете ја косата да се исуши околу 15-тина минути, а потоа обликувајте ја со вашите омилени продукти. Можете да користите гел за коса, пена, продукти наменети за влажен изглед…

Кога ќе го нанесувате продуктот, нанесете го по должината на целата коса, но оставете ги корените.

odlichni-frizuri-shto-mozhete-da-gi-napravite-na-mokra-kosa-02.jpg

„Ананас“ фризура

Ако имате виткана коса, сигурно ќе ви се допадне оваа фризура.

Сè што треба да направите е да ја соберете влажната коса во високо опавче, а најдобро е да ја врзете со поширок ластик.

На крај ставете свилена или сатенска марама.

Локни со хулахопки

Оставете ја косата да се исуши неколку минути, а потоа направете две големи плетенки со хулахопки или друго парче ткаенина, така што ткаенината ќе биде еден прамен од плетенките.

Врзете ги плетенките со ластик, почекајте косата да се исуши и вашите локни се готови.

Локни со пунџа

Повторно оставете ја косата малку да се исуши, па соберете ја во високо опавче. Важно е да не го стегате опавчето премногу.

Потоа соберете ја косата во пунџа и прицврстете ја со мали шноли. Оставете ја косата да се исуши, па пуштете ја.

odlichni-frizuri-shto-mozhete-da-gi-napravite-na-mokra-kosa-03.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *