„Жена ми не ми дава да си ги гледам децата од претходниот брак“

Исповед на 41-годишен маж….

„На мојата сопруга ѝ е тешко да прифати дека имав деца пред да ја сретнам. Се чувствувам заробен.

Заедно имаме прекрасна 2-годишна ќеркичка. Но, јас имам и два сина од претходниот брак.

Едниот има 8, а другиот 11 години. Златни деца се. Но, мојата жена не сака да ги гледам, ниту да говорам за нив. Таа никогаш им нема дозволено да влезат во нашиот дом.

Се чувствувам ужасно затоа што морам да одам на тајни средби со нив. Мора да се кријам дека се гледам со сопствените деца.

Знам дека е ужасно, но не можам никако да ја убедам дека е правилно тие да бидат дел од мојот живот, всушност од нашите животи.

Искрено, се чувствувам како да се гушам. Не ми е грижа за мислењето на првата сопруга, но грижа ми е што ги разочарувам синовите.

Навистина ми е преку глава од овој затворен круг. Ќе разговорам многу сериозно со неа. Не можам повеќе.

Па, дури и нашата 2-годишна ќерка заслужува да ги запознае и да изгради добар однос со нејзините 2 полубраќа.

Смирено ќе разговарам со неа, дека ако не во домот, барем надвор од него јас задолжително ќе минувам време со нив. Тие мора да знаат дека ги сакам и дека секогаш ќе бидат дел од мојот живот.

Навистина ме убива оваа ситуација.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *