Најдобрите шведски ритуали: Што прават Швеѓаните во четврток?

Децата кои растат во традиционално семејство во Шведска, секој четврток однапред знаат што ги чека за ручек.

najdobrite-svedski-rituali-dali-znaete-sto-pravat-sveganite-vo-cetvrtok-01.jpg

Палачинки и супа од грашок (ärtsoppa och pannkakor) се задолжителни на трпезата. Супата честопати ја зачинуваат со мајчина душица или сенф.

najdobrite-svedski-rituali-dali-znaete-sto-pravat-sveganite-vo-cetvrtok-02.jpg

Со палачинките, комбинираат џем од брусница или било каков друг џем.

najdobrite-svedski-rituali-dali-znaete-sto-pravat-sveganite-vo-cetvrtok-03.jpg

Како овој оброк станал традиција во четврток постојат повеќе теории.

Едната е дека уште во време на Втората светска војна, готвачките имале слободно попладне во четврток, па затоа можеле да подготват супа од грашок набрзина.

И во рестораните, овој оброк е на менито секој четврток. Дополнително, може да ви понудат и месо. 

Нешто како гравче секој петок кај нас, нели?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *