Ова е Џорџ, бебето родено за време на експлозијата во Бејрут, во речиси уништена болница (видео)

Ова е Џорџ и докторката Мари Еид. Џорџ се роди во болницата St. George University во Бејрут, веднаш по големата експлозија.

ova-e-dzordz-bebeto-rodeno-za-vreme-na-eksplozijata-vo-bejrut-vo-recisi-unistena-bolnica-01.jpg

Болницата е сместена на неколку километри од пристаништето на кое настана експлозијата. Џорџ и неговата мајка Емануеле се добро, за среќа породувањето поминало успешно и покрај тоа што целата опрема во болницата била уништена.

Нејзиниот сопруг го снимил видеото и моментот на експлозијата и помогнал за породувањето. Секоја чест на докторите кои го ставиле животот на бебето и мајката пред сопствениот, без да знаат што точно се случува надвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *