Уживање во интимност – пловечки парк од мали островчиња во пристаништето на Копенхаген

Во пристаништето на Копенхаген наскоро ќе бидат поставени мали вештачки островчиња, кои ќе бидат како еден вид пловечки парк.

kreativen-proekt-park-od-ostrovchinja-vo-pristanishteto-na-kopenhagen-01.jpg

Островите се дизајнирани од австралискиот архитект Маршал Блечер, а целта на проектот е да се направи ново место за уживање и релаксација во главниот град на Данска.

Според архитектот, на секое од островчињата ќе има трева, грмушки и дрвја, кои ќе служат и како засолниште за локалните птици.

kreativen-proekt-park-od-ostrovchinja-vo-pristnisteto-na-kopenhagen-02.jpg

Уште поинтересно е што островчињата ќе бидат направени од рециклирани и одржливи материјали, а за конструкцијата ќе се користат традиционални техники за правење бродови од дрво.

kreativen-proekt-park-od-ostrovchinja-vo-pristnisteto-na-kopenhagen-04.jpg

Истовремено, островите ќе бидат подвижни, па од сезона во сезона ќе се преместуваат на разни делови од пристаништето.

kreativen-proekt-park-od-ostrovchinja-vo-pristnisteto-na-kopenhagen-03.jpg
kreativen-proekt-park-od-ostrovchinja-vo-pristnisteto-na-kopenhagen-05.jpg

Во 2018-та беше направен прототип на овој проект, кој се покажа како многу успешен – островчето наречено CPH-Ø1 било често посетувано, па дури добило и неколку награди за дизајн. Во текот на оваа година, на овој остров ќе му е придружат уште три.

View this post on Instagram

Ø #copenhagenislands

A post shared by Marshall Blecher (@marshallblecher) on

Според архитектот, најголемиот од новите острови ќе биде составен од девет делови, и овој „пловечки парк“ ќе биде достапен за сите – рибари, пливачи, туристи…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *