Не фрлаат храна, децата чистат во училиште – Навики на Јапонците кои треба да ги примениме и ние

Јапонската култура е поразлична од сè што сме виделе, а на сите ни е јасно дека можеме да научиме многу од овој народ.

decata-se-odgovorni-za-higienata-vo-uchilishteto-naviki-na-japoncite-shto-bi-trebalo-da-gi-primenime-i-nie-01.jpg

Дисциплината и учтивоста се едни од најважните карактеристики за Јапонците, па тие им ги всадуваат овие вредности на децата уште од најрана возраст.

Погледнете кои навики на Јапонците би требало да ги примениме и ние:

Во Јапонија, сите го почитуваат туѓото време. Знаевте ли дека тамошните возови не доцнат речиси никогаш, а најчесто доцнењето е само неколку секунди?

Доцнењето е неприфатливо за Јапонците, без разлика дали станува збор за состанок или пријателска средба.

decata-se-odgovorni-za-higienata-vo-uchilishteto-naviki-na-japoncite-shto-bi-trebalo-da-gi-primenime-i-nie-02.jpg

Смартфоните речиси и да не се користат на јавните места. На Јапонците им е јасно дека никој не сака да ги слуша нивните разговори кога се возат со автобус, кога се во ресторан или кога се на какво било јавно место.

Истовремено, тие избегнуваат да го проверуваат телефонот кога се со некој, бидејќи тоа е неучтиво.

decata-se-odgovorni-za-higienata-vo-uchilishteto-naviki-na-japoncite-shto-bi-trebalo-da-gi-primenime-i-nie-03.jpg

Во основно училиште децата изучуваат предмет наречен етика. Целта на овој предмет е да ги научат децата уште од најрана возраст како да се однесуваат со другите, како да решаваат проблеми, како да покажат почит и како да градат стабилни и коректни односи со другите.

decata-se-odgovorni-za-higienata-vo-uchilishteto-naviki-na-japoncite-shto-bi-trebalo-da-gi-primenime-i-nie-04.jpg

Јапонските родители ретко најмуваат дадилки и куќни помошници. Тие се научени сами да го средуваат нивниот неред и сами да се грижат за децата и домот.

decata-se-odgovorni-za-higienata-vo-uchilishteto-naviki-na-japoncite-shto-bi-trebalo-da-gi-primenime-i-nie-05.jpg

Во јапонските училишта, во пониските одделенија нема оценки. Овде целта на образованието не се само добрите оценки, туку и помагање на децата да станат одговорни и стабилни возрасни личности. И кај нас во пониските одделенија се применува описно оценување, па можеби одиме чекор напред.

decata-se-odgovorni-za-higienata-vo-uchilishteto-naviki-na-japoncite-shto-bi-trebalo-da-gi-primenime-i-nie-06.jpg

Јапонците многу ретко фрлаат храна. Тие се научени секогаш да земаат само колку што им е потребно, а ова правило важи и за храната. Најверојатно, ова е и причината што дебелината е редок проблем во Јапонија.

decata-se-odgovorni-za-higienata-vo-uchilishteto-naviki-na-japoncite-shto-bi-trebalo-da-gi-primenime-i-nie-07.jpg

Во училиштата децата имаат пауза за ручек од половина час. Причината за ова е да им се даде доволно време на децата да се најадат без брзање. 

decata-se-odgovorni-za-higienata-vo-uchilishteto-naviki-na-japoncite-shto-bi-trebalo-da-gi-primenime-i-nie-08.jpg

Уште поинтересно е што учениците сами се грижат за хигиената во училиштето. На овој начин децата учат дека тие се одговорни за нивниот неред.

decata-se-odgovorni-za-higienata-vo-uchilishteto-naviki-na-japoncite-shto-bi-trebalo-da-gi-primenime-i-nie-09.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *