Каде се наоѓаат најпрепознатливите градби од култните филмови и серии?

Сте се запрашале ли каде се наоѓа куќата на Хари Потер? А, знаете ли дека во Нов Зеланд има цело хобитско село направено за The Lord of the Rings?

kade-se-naogjaat-najprepoznatlivite-gradbi-od-kultnite-filmovi-i-serii0-01.jpg

Повеќето од најпрепознатливите градби од нашите омилени филмови и серии навистина постојат и можете дури и да ги посетите. Некои од нив се приватни имоти, некои ѝ припаѓаат на државата, некои биле реновирани, а некои изгледаат потполно исто како што ги знаеме.

Погледнете каде се наоѓаат најпознатите градби од култните филмови и серии:

Куќата од Charmed

Куќата на сестрите Халивел не се наоѓа во Сан Франциско, каде што е сместено дејството на серијата, туку во Лос Анџелес

Изградена е околу 1900-та, а во серијата е прикажана само нејзината фасада. Сцените од внатрешноста на домот на волшебничките се снимени во студио.

kade-se-naogjaat-najprepoznatlivite-gradbi-od-kultnite-filmovi-i-serii-02.jpg

Куќата од серијалот Хари Потер

Куќата во која живее Хари со неговите тетка, тетин и братучед се наоѓа на помалку од еден час од Лондон.

Во 2016-та сопствениците ја реновирале и решиле да ја продадат, а поради популарноста, ја продале за половина милион фунти.

kade-se-naogjaat-najprepoznatlivite-gradbi-od-kultnite-filmovi-i-serii-03.jpg

Хобитските куќи од Lord of the Rings

Препознатливата куќа на Билбо Багинс се наоѓа на фарма во Нов Зеланд. Всушност, за потребите на филмот било направено речиси цело село.

Откако завршило снимањето, поголемиот дел од сетот бил растурен, но куќите можете да ги видите и денес. Сепак, ова искуство ќе ве чини малку повеќе – цената за возрасни е над 89 долари.

kade-se-naogjaat-najprepoznatlivite-gradbi-od-kultnite-filmovi-i-serii-04.jpg

Куќата од Breaking Bad

Куќата на Волтер Вајт е сместена во Албакерки, исто како и дејството на серијата.

Интересно е што на сопствениците им се смачило од многуте фанови на серијата, па ставиле ограда висока два метра. Многу фанови се обидувале да ја копираат препознатливата сцена од филмот, па неретко фрлале пица на покривот.

kade-se-naogjaat-najprepoznatlivite-gradbi-od-kultnite-filmovi-i-serii-05.jpg

Замокот од X-Men

Замокот во кој се наоѓа училиштето на Чарлс е искористен и за други филмски остварувања – Poltergeist, Deadpool, Smallville…

Замокот се наоѓа во Канада и од 1940-та е во сопственост на државата. Можете да влезете во замокот, но внатре нема да најдете ништо поврзано со филмот. Затоа, фановите најчесто ја фотографираат само надворешноста.

kade-se-naogjaat-najprepoznatlivite-gradbi-od-kultnite-filmovi-i-serii-06.jpg

Седиштето на тимот од Ghostbusters

Седиштето на тимот од Ghostbusters е всушност пожарна станица во Њујорк која работи и денес.

Интересно е што тамошните пожарникари се навикнати на бројните фанови и не им пречи ако ја фотографирате зградата.

kade-se-naogjaat-najprepoznatlivite-gradbi-od-kultnite-filmovi-i-serii-07.jpg

Хотелот од Groundhog Day

Хотелот во кој ликот на Бил Муреј се обиде да си го одзеде животот е всушност оперска куќа во Вудсток, Њујорк.

Кратко по премиерата на филмот, местото било преплавено со туристи.

kade-se-naogjaat-najprepoznatlivite-gradbi-od-kultnite-filmovi-i-serii-08.jpg

Хотелот од Grand Budapes Hotel

Сцените од внатрешноста на хотелот биле снимени во трговскиот Görlitzer Warenhaus, која се наоѓа во Саксонија.

До 2009-та трговскиот бил празен, а во 2014-та Вес Андерсон го претвори во неверојатниот хотел што го видовме на филмот. Денес градбата се реновира и непознато е кога ќе биде отворена за посетители.

kade-se-naogjaat-najprepoznatlivite-gradbi-od-kultnite-filmovi-i-serii-09.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *