Сочен ручек: Компир торта полнета со кашкавал и сланина

Идеален ручек за љубителите на богат вкус на кашкавал, во комбинација со компир и сланина.

sochen-ruchek-kompir-torta-polneta-so-kashkaval-i-slanina-01.jpg

Рецептите со компир одат до бесконечност, а овојпат ви предлагаме компир торта која ќе ви го задоволи сетилото за вкус со богатата текстура и состојки.

Запечено компир пире со крцкава сланина и растопен кашкавал кој се разлева од средината… веројатно веќе огладневте.

Подгответе си го овој ручек викендов.

Потребни состојки:

  • 10 компири
  • 100g брашно
  • 3 јајца
  • 150g сланина, сечкана
  • 50g путер
  • 1 калап камембер сирење
  • Магдонос
  • Сол и бибер
  • 8 парчиња сланина за редење одозгора

Начин на подготовка:

  • Изгмечете ги компирите и додадете ги сите состојки во садот освен парчињата сланина.
  • Измешајте добро додека не добиете хомогена смеса.
  • Истурете поголем дел од смесата во кружен калап и измазнете ја.
  • Во средината вметнете го калапот сирење или кашкавал по желба и одозгора премачкајте со остатокот од смесата.
  • Наредете ги наизменично парчињата сланина одозгора.
  • Ставете да се пече 25 минути на 180°С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *