„Има време“ – времето секогаш ќе го има, ама нас ќе нè нема

Еден ден ќе седнеме, ќе го зариеме лицето помеѓу дланките и ќе се запрашаме – каде се изгуби она „има време“ кое толку често си го повторувавме?

И дури тогаш ќе сфатиме дека времето секогаш ќе го има, ама нас ќе нè нема.

Дека сме испуштиле толку многу, чувајќи се за некое „подобро време“. А подобри времиња не постојат.

Земи го она што ти се нуди. Постојат можности и постои време. Човек ретко ги начекува заедно.

Чекајќи подобро време, ги губиме шансите. Чекајќи ги шансите, губиме време…

– Непознат автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *