Како да го спречите утринскиот замор?

Во време кога работата ни зема поголемиот дел од денот, животното темпо е забрзано, навистина не е изненадувачки што чувствувате замор штом се разбудите.

kako-da-go-sprecite-utrinskiot-zamor-01.jpg

Ако се будите изморени и лошо расположени, и тоа тра е и трае, не мора да се помирите.

Прво направете ги сите потребни здравствени тестирања и откако ќе утврдиле дека здравјето не е причината, послужете се со неколку лесни чекори:

Работи кои треба да ги направите пред спиење:

1. Пресметајте кога треба да легнете според времето кога се будите. Биолошкиот часовник е поделен на циклуси од 90 минути и ако се разбудите среде циклус, ќе имате потешкотии да се расоните. Затоа, ако треба да станете во 7 наутро, идеално би било да си легнете во 23 часот.

2. Пресметајте го и времето за туширање пред спиење. Околу 10 часот навечер температурата на телото природно опаѓа. Според тоа, туширањето би требало да биде 1 до 1 час и половина пред да си легнете да спиете, за да го стимулирате овој пад на температурата.

3. Навечер, штом почувствувате желба за спиење – легнете во хоризонтала.

kako-da-go-sprecite-utrinskiot-zamor-02.jpeg

Работи кои треба да ги направите штом се разбудите:

1. Не презаспивајте. Така навлегувате во нов циклус од 90 минути и го нарушувате здравото будење.

2. Заменете го млекото со сок од портокал. Навечер, нивото на шеќер и течности во организмот паѓа, а тоа може да е причина за утринската забавеност и слабост. Сокот од портокал содржи јаглехидратити кои ја елиминираат слабоста за 10 минути.

3. Консумирајте добар појадок со кафе и чај, поради стимулативното делување на кофеинот кој делува против заморот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *