Патување во време на корона – дали можете да се заразите во авион?

Бројот на новозаразени со корона вирусот постојано расте и иако пандемијата е во полн ек, луѓето патуваат и авиокомпаниите постојано продаваат летови. Но колку е всушност безбедно да летате со авион средe пандемија?

patuvanje-vo-vreme-na-korona-dali-mozhete-da-se-zarazite-vo-avion-01.jpg

Веќе сите знаеме како се пренесува вирусот и што можеме да направиме за да се заштитиме – носење заштитни маски, редовно миење на рацете и држење растојание. Но, знаеме и дека кога сме во авион, држењето растојание не е толку едноставно.

Пред сè, не треба да заборавите дека додека трае пандемијата, не смеете да си дозволите да се опуштите. Важно е да ги следите сите мерки и за вашата, и за безбедноста на вашите сакани.

Кога станува збор за летање со авион, од Центарот за контрола и превенција на болести велат дека во тој случај можноста за заразување може да биде повисока.

Експертите сметаат дека летањето со авион вклучува и чекање во затворен простор со повеќе луѓе, со што се зголемува ризикот од зараза.

patuvanje-vo-vreme-na-korona-dali-mozhete-da-se-zarazite-vo-avion-02.jpg

Истовремено, од Центарот целат дека повеќето вируси и микроби не се разнесуваат лесно во самиот авион, најмногу поради начинот на циркулација и филтрирањето на воздухот во неговата внатрешност. Но, како што напоменавме, држењето растојание е проблематично во волку мал простор, а ова го зголемува ризикот.

Што вели науката?

Во 2018-та, пред да се појави вирусот, направено е истражување со кое научниците се обиделе да откријат како се шират вирусите во авион, ако внатре има една заразена личност. Важно е да запомнете дека ова истражување не е направено конкретно за корона вирусот.

Во истражувањето биле набљудувани 10 прекуокеански летови од САД, кои траеле помеѓу 3 и 5 часа. Научниците го разгледувале движењето на патниците во авионот, како станување до тоалет и нивното место на седење, и според тоа одредувале колку ќе се рашири некој вирус од еден заразен патник.

Се покажало дека 38% од патниците во текот на летот станале еднаш, а 24% станале неколкупати. Други 38% воопшто не го напуштиле нивното седиште. Според ова движење на патниците, научниците одредиле и кои места во авионот би биле најбезбедни ако внатре има една заразена личност.

Бидејќи патниците кои седеле до прозорците станувале најретко, со тоа се намалувала можноста да стапат во контакт со заразената личност, па овие седишта се покажале како најбезбедни.

patuvanje-vo-vreme-na-korona-dali-mozhete-da-se-zarazite-vo-avion-03.jpg

Наводно, патниците кои седеле покрај прозорецот имале контакт со 12-тина други патници, за разлика од останатите кои имале контакт со по околу 60 други патници.

Според тимот што работел на истражувањето, ситуацијата се менува ако заразениот е стјуардеса, а не патник. Причината е што стјуардесата се движи низ авионот, и тоа неколкупати во еден лет, па постои можност да зарази повеќе личности.

Тимот истражувачи нагласува дека истражувањето е направено пред појавата на корона вирусот, но резултатите можат да се искористат и во овој случај.

Како да се заштитите?

Воглавно, кога сте во затворена просторија со повеќе луѓе, ризикот да се заразите е секогаш поголем.

Авиокомпаниите преземаат дополнителни мерки за заштита и редовно ги дезинфицираат авионите. Ова сепак го намалува ризикот од зараза. Истовремено, ако сите патници носат маски и се придржуваат до мерките, ризикот од зараза повторно се намалува.

Што значи, можноста да се заразите во голема мера зависи и од вас.

patuvanje-vo-vreme-na-korona-dali-mozhete-da-se-zarazite-vo-avion-04.jpg

Кога ќе пристигнете на аеродромот, немојте да ја вадите маската, држете се што е можно понастрана од другите луѓе и редовно мијте ги рацете или користете средство за дезинфекција.

Најбезбедно е периодов да ги одложите патувањата со авион, барем оние што не се неопходни. Додека трае пандемијата секогаш постои ризик да се заразите, па сами направете процена дали треба да летате со авион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *