Сексоманија, хиперсексуалност – 3 чудни сексуални девијации

Замислете личност која несвесно има секс додека спие или дури во таква состојба злоставува друга личност или пак личност која опсесивно има потреба од секс дури и со луѓе што не ѝ се допаѓаат…

seksomanija-hiperseksualnost-3-chudni-seksualni-devijacii-01.jpg

Сексуалните нарушувања навистина им го отежнуваат животот на луѓето кои страдаат од нив и се многу сериозна работа.

Некои видови на сексуални девијации:

Сексоманија

Сексоманија е ментално нарушување кога личност при спиење може да мастурбира, да има секс, па дури и да загрозува други личности. Несвесно ги прави работите и некои вакви случаи на силувачи дури добивале олеснување на обвиненијата на суд.

Според докторите, несвесниот секс за време на сон е почест кај мажите, oтколку кај жените.

Вагинизам

Oва е состојба кога се јавува неволна контракција на мускулите на вагината при што секоја пенетрација во неа станува болна или дури комплетно невозможна.

Понекогаш вагинизмот потекнува од психолошки причини. Како на пример причина може да биде болката при првото сексуално искуство на некоја девојка која психолошки влијае на неа на начин да се плаши од секоја наредна пенетрација затоа што верува дека ќе ѝ предизвика болка.

Третманот за оваа состојба е индивидуален.

seksomanija-hiperseksualnost-3-chudni-seksualni-devijacii-02.jpg

Хиперсексуалност

Повеќето од нас можат да ги контролираат своите сексуални импулси, но не и луѓето кои се хиперсексуални.

Тие се прогонувани од опсесивната желба да имаат секс дури и со луѓе кои не им се допаѓаат. По правило, хиперсексуалноста е од психолошка природа и често не води до физички реакции, на пример жените немаат некое посебно сексуално навлажнување.

Постојат специјални групи за поддршка за овие личности, нешто како што се оние за анонимни алкохоличари.

Фото: depositphotos.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *