Ги терал дадилките да лажат, го пребарувал домот на готвачот – Вработените откриваат тајни за Том Круз

Том Круз е одличен актер и има завидна кариера, но каква личност е во приватниот живот?

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz01.jpg

Сите сме слушнале што мисли јавноста, но што имаат да кажат луѓето кои работеле за него?

Сузан Хансен била дадилка на децата на Том кога тој уште беше во брак во Никол Кидман. Во нејзините мемоари таа откри дека Том не сака вработените да откриваат тајни од неговиот приватен живот.

Наводно, секоја дадилка што работела за Том морала да потпише согласност дека нема да открие ништо за она што се случува во неговиот дом.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-02.jpg

Во истите мемоари, Сузан открива и дека актерот бил склон кон лажење. Според неа, дадилките на Том морале да кажуваат дека тој и Никол сами се грижат за децата.

„Едноставно, кога пред камерите Том кажуваше дека нема помош од дадилки за неговите деца, ние не смеевме да кажеме дека лаже“, напишала Сузан.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-03.jpg

Според една мејкап артистка која работела на сетот на The Mummy, Том не дозволувал никој да му ја допира косата. Наводно, никој од мејкап артистите не смеел да ја допира косата на актерот. Кога морале да се направат корекции на неговата коса, само еден имал дозвола да го прави тоа, и тоа зад затворени врати.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-04.jpg

Синар Парман бил готвач на венчавката на Никол Кидман и Том во 1990-та и, а исто како актерот, и тој бил дел од скиентолошката црква. Кога се обидел да ја напушти црквата, домот на готвачот бил пребаруван во случај да има фотографии или што било од венчавката на актерот.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-05.jpg

Анонимен маж кој бил дел од послугата во домот на Том има изјавено дека куќата на актерот морала постојано да биде беспрекорно чиста. Истовремено, актерот му нагласил дека тој треба да биде невидлив, односно актерот да не го забележи неговото присуство во домот.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-06.jpg

Можеби најчудната приказна за вработените на Том е од периодот кога се раздели со Кејти Холмс. Наводно, актерот не можел да поднесе што послугата во домот била премногу блиска со Кејт, па решил да ги отпушти сите. Изгледа дека неговите вработени не смеат да бидат во добри односи со неговите бивши.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-07.jpg

И на 58 години, Том Круз изгледа одлично, а причината за ова се вежбањето и начинот на исхрана. Кога Џенифер Петиџон работела како готвачка за актерот, тој од неа барал да користи само органски намирници и имал премногу чудни барања во врска со храната.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-08.jpg

Сепак, и покрај лошите зборови, изгледа Том инспирирал дел од неговите вработени. Пред да стане комичар, Камил Солари работела ако личен асистент на Том. Таа била презадоволна од односот на актерот и неговиот успех толку ја инспирирал, што решила самата да се обиде да започне кариера во Холивуд.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-09.jpg

Том Круз му ги отворил вратите до Холивуд и на друг вработен. Со години, Шон Ринголд бил телохранител на актерот, а токму поради тоа бил забележан од Холивуд. Поради неговиот изглед, но и бидејќи бил многу добар во својата работа, почнал да добива понуди да се појавува во разни филмови и серии.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-10.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *