Од амбулантно возило до дом на тркала: Неверојатен проект на пар од Англија

Марк Бонито од Англија отсекогаш сакал да живее послободно и до пред некоја година имал комбе Volkswagen T4, кое самиот го претворил во камп-приколка.

od-ambulantno-vozilo-dom-na-trkala-kreativen-proekt-na-par-od-anglija-01.jpg

Но, минатата година решил да оди чекор подалеку и да започне со поамбициозен проект.

Марк купил амбулантно возило на аукција, за кое платил 5.000 фунти. Потоа, потрошил уште 2.000 за да го „реновира“ и да го претвори во луксузен дом на тркала.

od-ambulantno-vozilo-dom-na-trkala-kreativen-proekt-na-par-od-anglija-02.jpg

Кога го купил возилото, внатре сè уште имало и медицинска опрема, но тој, заедно со неговата девојка Софи, го трансформирале во удобен дом.

Марк и Софи не сакале да трошат многу пари, па го опремиле подвижниот дом со покуќнина купена на старо, а дел направиле и сами.

На пример, тие купиле кревет на два ката кој го претвориле во брачен. Во кујната, пак, ги искористиле фиоките што веќе се наоѓале во амбулантно возило и ги претвориле во мијалник.

„Навистина ни се допаѓа што го средивме возилото со користени предмети. Секој од нив си има свој приказна“, вели Марк.

od-ambulantno-vozilo-dom-na-trkala-kreativen-proekt-na-par-od-anglija-04.jpg

За овој проект им требале околу два месеци, но кога завршиле имале проблем со тежината на возилото. Според Марк, домот на тркала имал поголема тежина од лимитот на неговата возачка. Поради ова, Марк полагал дополнителни тестови, но сега и тој и нивниот дом се подготвени за патување.

od-ambulantno-vozilo-dom-na-trkala-kreativen-proekt-na-par-od-anglija-05.jpg

Парот вели дека иако веќе посетиле неколку места низ Англија, на првото големо патување планираат да го истражат Арктикот.

Неговата девојка вели дека навистина им е драго што за ова намена употребиле возило кое сигурно спасило многу животи и, на некој начин, е херој.

od-ambulantno-vozilo-dom-na-trkala-kreativen-proekt-na-par-od-anglija-06.jpg

„Домот на тркала се покажа и како одличен за нашата врска. И јас и Софи имаме деца од претходните врски, па одлично е што сме заедно, но секогаш можеме да одиме кај нашите деца“, вели Марк.

od-ambulantno-vozilo-dom-na-trkala-kreativen-proekt-na-par-od-anglija-07.jpg
od-ambulantno-vozilo-dom-na-trkala-kreativen-proekt-na-par-od-anglija-08.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *