Девицата ве опоменува за кодексот на облекување – какви сте на работното место според хороскопскиот знак?

Не сите се однесуваме исто на работното место. Некој се истакнува како одличен лидер, а друг подобро се снаоѓа во улогата на тимски играч. Девицата е онаа која ќе ве опомене дека здолништето ви е прекусо и несоодветно за на работното место.

Kakvi-ste-na-rabotnoto-mesto-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Јарецот пак ќе ви каже кога сте премногу бавни во исполнувањето на задачата… Какви сте вие на работното место според хороскопскиот знак?

Овен

Оној што од сите – најмногу работи во канцеларијата. Нема да отидете на пауза додека не го завршите тоа што сте го почнале. Ја насочувате целата енергија кон тоа што го работите во моментот и не дозволувате ништо да ви го одземе фокусот. Подготвени сте да не станете ниту до тоалетот или да не каснете ниту залак додека не се заврши работата.

Бик

Најдобриот тимски играч од сите знаци во зодијакот. Ќе му подадете рака секој што ќе побара помош од вас. Не очекувате ништо за возврат за овие услуги. Дури и кога сте го сработиле најголемиот дел од задачата, секогаш им давате предност на колегите кога треба да се соберат пофалби за сработеното. Ова понекогаш ви се „треска“ од главата, бидејќи колегите неретко ве искористуваат.

Близнаци

Одговорни сте, секогаш се појавувате на време, па дури и пред да започне состанокот. Оставате добар впечаток, бидејќи прилично многу се грижите за физичкиот изглед, но и сте колегата кој најдобро кажува вицеви. Преземате одговорност за вашите постапки дури и кога станува збор за грешки. И покрај тоа што луѓето ве доживуваат како дволични, не постои шанса да наместите некој друг да ја преземе одговорноста која била ваша.

Рак

Трпеливо ги слушате колегите кои се фалат или жалат за сопствените (не)успеси. Во состојба сте да ги слушате со часови без никаква осуда. Ќе си скратите многу од слободното време само затоа сте одличен слушател и советодавач. Се случува колегите да ви здодеваат со своите проблеми дури и кога сте на одмор. Не знаете како да се одбраните дури и во вакви ситуации.

Лав

Најдобрата ваша карактеристика е доверливоста. Кога давате ветување некому секогаш го исполнувате кажаното. Никогаш не ги разочарувате луѓето што сметаат на вашата помош и поддршка. Дури и кога некој ќе ве изненади со своето незнаење, не реагирате бурно или арогантно, туку давате сè од себе да му помогнете.

Девица

Бирото ви е подредено „под конец“. Организирани сте и еден од ретките луѓе што точно знаат каде се наоѓа сè во канцеларијата. Секој што има некакво прашања доаѓа директно кај вас. Ги знаете сите правилници и протоколи на работа. Честопати ги опоменувате другите за кодексот на облекување.

Вага

Вие сте најпозитивната личност во компанијата што секогаш им дава храброст на другите. Им давате пофални зборови и комплименти на колегите за добро сработената задача. Вие сте колегата којшто умее да мотивира и инспирира, токму затоа сте едни од најомилените на работното место.

Скорпија

Сите сакаат да работат со вас. Природно сте надарени за водачи, па повеќе ви одговара работата на тим лидер. Умеете добро да ги распределите задолженијата и будно да го следите исполнувањето на задачите. Речиси никој не може да го победи вашиот тим. Но, понекогаш умеете премногу да се внесете во натпреварувањето, бидејќи сакате да сте најдобри по секоја цена.

Стрелец

Малку сте расеани на работното место. Често пати умот ви „лета“, особено за време на долгите, заморни состаноци. Преферирате комуникација преку и-мејл повеќе отколку состанок во живо. Идеално би било кога би работеле од дома, или уште подобро – од некоја плажа или планина.

Јарец

Кај вас нема двосмислени изјави. Немате време да заобиколувате, имате јасен и прецизен начин на комуникација. Секому ја влепувате вистината во лице, особено доколку некој колега се прави наудрен и не си ја извршува задачата навреме. Не сте премногу омилени и популарни, ама барем секој знае на што е со вас.

Водолија

Вие сте едни од најкреативните луѓе на работното место. Секогаш имате свежи, креативни идеи што ретко им текнуваат на останатите. Имате уникатен начин на размислување, ова е вашата најсилна страна, а другите ви се восхитуваат поради начинот на кој ви функционира умот.

Риби

Во секоја канцеларија мора да има и некој оптимист, а тоа дефинитивно сте вие. Кога луѓето околу вас се под стрес и гледаат во часовникот, вие наоѓате начин да ги смирите и да ги развеселите. Задолжени сте за добро расположение и добра музика.

Додека сите паничат бидејќи рокот е премногу краток за исполнување на задачата, вие ги уверувате дека немаат место за паника и дека сè ќе се заврши добро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *