Меган и Хари купија куќа со позајмени пари за да живеат во соседството на Опра Винфри (фото)

Медиумите се преплавени со вести дека Меган и Хари купиле нова куќа во соседството на Опра, но кружат информации дека ја купиле со позајмени пари.

megan-i-hari-kupija-kukja-so-pozajmeni-pari-vo-sosedstvoto-na-opra-vinfri-foto-01.jpg

Имотот во Калифорнија го купиле во јуни, а за истиот платиле околу 14,6 милиони долари. Се наоѓа во соседство каде што живеат многу славни, па сега Меган и Хари им се соседи на личности како Опра Винфри и Елен Деџенерис.

megan-i-hari-kupija-kukja-so-pozajmeni-pari-vo-sosedstvoto-na-opra-vinfri-foto-02.jpg

Според извори блиски на кралското семејство, младиот пар добил финансиска помош од принцот Чарлс:

„Чарлс секогаш сака да помогне и да позајми пари. Тој им е посветен и на двајцата синови и секогаш кога може да им помогне, го прави тоа“, изјавил изворот.

Засега овие гласини не се потврдени, но многумина се убедени дека се точни бидејќи според некои пресметки, Хари и Меган заедно имаат „само“ околу 45 милиони долари.

megan-i-hari-kupija-kukja-so-pozajmeni-pari-vo-sosedstvoto-na-opra-vinfri-foto-06.jpg

Друг извор, пак, тврди дека Хари и Меган сакаат да бидат независни и не позајмиле никакви средства за новиот дом.

Огромната куќа е опремена со неколку спални и бањи, но и библиотека, канцеларија, спа-центар, теретана, подрум за вино и гаража вo која собира пет автомобили.

megan-i-hari-kupija-kukja-so-pozajmeni-pari-vo-sosedstvoto-na-opra-vinfri-foto-03.jpg
megan-i-hari-kupija-kukja-so-pozajmeni-pari-vo-sosedstvoto-na-opra-vinfri-foto-04.jpg

На имотот има прекрасен тревник, градини со рози, маслинки стари стотици години, тениско игралиште, детска колиба и базен.

megan-i-hari-kupija-kukja-so-pozajmeni-pari-vo-sosedstvoto-na-opra-vinfri-foto-05.jpg

Она што е уште поинтересно е што во оваа област живеат многу славни личности, како Опра Винфри, Џорџ Лукас, Гвинет Палтроу и Елен Деџенерис. Наводно, најмногу им се допаѓала приватноста што ја нуди местото.

„Војводата и војвотката од Сасекс се преселија во новиот дом во јули годинава. Се надеваат дека папараците сега ќе ја почитуваат нивната приватност, или барем приватноста на нивните соседи“, изјави извор близок до парот.

megan-i-hari-kupija-kukja-so-pozajmeni-pari-vo-sosedstvoto-na-opra-vinfri-foto-07.jpg

Претходно Меган и Хари живееја во Лос Анџелес, каде што имаа многу проблеми со папараците. Откако Меган и Арчи беа фотографирани на паркингот од домот во Лос Анџелес, тие започнале и тужба против папараците.

megan-i-hari-kupija-kukja-so-pozajmeni-pari-vo-sosedstvoto-na-opra-vinfri-foto-08.jpg

Сепак, овој настан не бил причина што го напуштиле Лос Анџелес и дотогаш веќе го имале одбрано новиот дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *