8 пати кога ѕвезди споделија искрени родителски совети

Сара Мишел Гелер ги учи децата да ја ценат храната така што ги тера да ја плаќаат храната која нема да си ја дојадат во нивната чинија.

8-pati-koga-dzvezdi-spodelija-iskreni-roditelski-soveti-01.jpg

Да се биде родител е тешка работа, а тоа го знаат и ѕвездите.

Од Двејн Џонсон до Кристен Бел, познатите споделуваат родителски совети од своите искуства досега.

Родителски совети од ѕвездите:

Хилари Даф вели дека научила дека родителот секогаш треба да носи екстра облека, и тоа не само за своите деца, туку и за себе.

8-pati-koga-dzvezdi-spodelija-iskreni-roditelski-soveti-02.jpg

Кристен Бел вели дека практикува игра децата да се држат за одредено место од автомобилот, додека таа ги вади работите од гепекот за некое од нив да не истрча на улица.

8-pati-koga-dzvezdi-spodelija-iskreni-roditelski-soveti-03.jpg

Тина Феј ги советува сите родители дека најважно е добро да се наспијат навечер, дури и по цена да не ги завршат сите дневни обврски.

8-pati-koga-dzvezdi-spodelija-iskreni-roditelski-soveti-04.jpg

Џејда Пинкет Смит верува дека на децата треба да им се даде простор, особено кога станува збор за нивните соби.

8-pati-koga-dzvezdi-spodelija-iskreni-roditelski-soveti-05.jpg

Сара Мишел Гелер ги учи децата да ја ценат храната така што ги тера да ја плаќаат храната која нема да си ја дојадат во нивната чинија.

8-pati-koga-dzvezdi-spodelija-iskreni-roditelski-soveti-06.jpg

Двејн Џонсон верува дека на децата треба да им се постават цели кои ќе ги постигнат кога ќе пораснат.

8-pati-koga-dzvezdi-spodelija-iskreni-roditelski-soveti-07.jpg

Џек Николсон верува дека на децата треба да им се покажува безусловна љубов.

8-pati-koga-dzvezdi-spodelija-iskreni-roditelski-soveti-08.jpg

Бред Пит вели дека пред децата не треба да се чуваат тајни, секогаш им кажува што мисли отворено.

8-pati-koga-dzvezdi-spodelija-iskreni-roditelski-soveti-09.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *