Прекрасен поглед, највкусна риба: Радожда – едно од најубавите села на Охридското Езеро (фото)

На западниот брег на Охридското Езеро, на 725m надморска височина, сместено е едно од најубавите рибарски села во Македонија, Радожда.

prekrasen-pogled-najvkusna-riba-radozda-edno-od-najubavite-sela-na-ohridskoto-ezero-foto-01.jpg

Со должина од околу 1km покрај брегот, во Радожда има комбинација од стари, но и модерни нови куќи.

Пишани документи за Радожда има од околу 1342-та година.

Високо во карпите при самиот влез во селото се наоѓа пештерската црква Св.Архангел Михаил. Храмот е буквално сметен во природна пештера. Од овде го има најубавиот поглед на Охридското Езеро.

Над самото село има зачуван дел од патот Виа Игнација – околу 100m, а селаните го знаат како калдрма.

Едни од најубавите рибни ресторани се сместени токму во Радожда. Ако сакате свежа пастрмка, крап или клен, задолжително испланирајте ручек во некој од рестораните покрај брегот.

Мир, спокој и тишина, чист воздух и прекрасен поглед на езерото…

Погледнете некои од најубавите фотки на Инстаграм од Радожда:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *