Земји каде смее да патуваме без тест: Што треба да знаете ако се решите да одите во Египет летово?

Со оглед на ограничените дестинации за летување годинава, најголем број наши туристи се решаваат за одмор во соседна Албанија, Турција или Египет – земји во кои ни е дозволен влез без проблем.

zemji-kade-smee-da-patuvame-sto-treba-da-znaete-ako-se-resite-da-odite-na-odmor-vo-egipet-letovo-01.jpg

Ако се одлучите летово за одмор во Египет, добро е да знаете:

Нема потреба од PCR тест.

Како заштита од корона вирусот, во најголем дел од поголемите ресорти, сите вработени се сместени и спијат во хотелот, да не бидат во контакт со никого надвор.

Безбедноста во туристичките ресорти е на највисоко ниво.

Последниот терористички напад беше минатата година во мај, кога туристички автобус прегази експлозивна направа кај пирамидите во Гиза, и беа повредени 17 лица.

Туристичките делови во Египет се сметаат за безбедни региони.

Во повеќето хотели можете да платите и со евра и со долари.

All inclusive услугата се смета за најисплатлива.

Хотел во Египет со 5 ѕвездички е еквивалентен пример на европски хотел со 4 ѕвездички.

Водата од чешма не се пие.

Во Египет, исклучително се почитува давањето бакшиш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *