Смрзнување во топли денови – најдобрите хорор филмови од 2020 кои излегоа досега

Изреката „ќе ти замрзне крвта во жилите“ дефинитивно е оправдана кај следните 10 филмови со оглед на жанрот на којшто припаѓаат. Хоророт за многумина е еден од омилените филмски категории, а 2020 не изостана со добри филмови од овој жанр.

Najdobrite-horor-filmovi-2020-dosega-01.jpg

Кои се најдобрите хорор филмови од тековната 2020 кои излегоа досега и вреди да ги погледнете?

GRETEL & HANSEL

Пред многу години, во едно далечно село како од бајките, млада девојка го води своето помало братче низ шумата во очајна потрага по храна и работа. Двајцата налетуваат на застрашувачко зло кое опасно им се заканува по животот.

THE RENTAL

Два пара изнајмуваат викендичка со цел да прославам за време на викендот. Она што треба да претставува забава, наскоро прераснува во кошмарно искуство.

THE LODGE

Млада жена која наскоро треба да се омажи, заминува со својот свршеник и неговите две деца во мало селце на зимски одмор. Таму започнуваат да се случуваат грозоморни и необјасниви настани.

BULBBUL

По многу години, еден маж се враќа дома. Сопругата на неговиот брат којашто тој ја оженил како девојче сега е веќе порасната и напуштена жена, додека неговото село се соочува со загадочни смртни случаи како еден вид на чума.

VFW

Група на воени ветерани се принудени да го бранат нивното локално збиралиште и невин тинејџер, а заканата е дилер на дрога со нарушено ментално здравје и неговата армија на криминалци.

1BR

Сара е млада девојка која се обидува да заврти нова страница во животот во Лос Анџелес. Но, нејзините соседи не се она што се претставуваат дека се пред неа.

SWALLOW

Хантер, тазе трудница и домаќинка, се соочува со желбата да голта опасни предмети во себе. Додека нејзиниот сопруг и семејството се обидуваат да ја контролираат нејзината нова, опасна опсесија, таа мора да сфати од каде ѝ потекнува желбата за ова однесување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *