15 брутално искрени и болни вистини за љубовта

Ако наидете на луда личност, избегајте веднаш, без разлика колку добро изгледа и колку е жежок сексот со неа.

15-brutalno-iskreni-i-bolni-vistini-za-ljubovta-01.jpg

Во љубовта за жал не  е сѐ пеперутки… Постои и една поинаква страна.

Брутално искрени и болни вистини за љубовта:

– Најтажно во една врска е кога една личност се гледа со друга само затоа што ѝ се допаѓа на таа личност и мисли дека е време да се смири.

– Крајот на врската не прави емоциите магично да исчезнат.

– Љубовта не значи дека секогаш ќе се согласувате за сѐ и нема да имате кавги.

– Вашиот партнер некогаш во животот може да го привлече некоја друга личност, но сѐ додека ве почитува и не прави ништо на страна не треба да се чувствувате заплашено.

– Без разлика колку сте интелигентни и рационални, сѐ заминува во неповрат кога ќе се вљубите во некого, тогаш започнува ирационалното однесување и правењето глупави работи.

– Љубовта е избор кој го правиме секој ден, не е следење на пеперутки – тие доаѓаат и си заминуваат.

15-brutalno-iskreni-i-bolni-vistini-za-ljubovta-02.jpg

– Само затоа што сакате некого не постои гаранција дека и тој некој некогаш ќе ве сака вас.

– Секогаш ќе имате двоумења во љубовта, тоа е неизбежно.

– Ако наидете на луда личност, избегајте веднаш, без разлика колку добро изгледа и колку е жежок сексот со неа.

– Ако за некого не мислите ентузијастично „Да, сакам да бидам со оваа личност“, тогаш кажете ѝ „не“ на таа врска.

– Никогаш ама апсолутно никогаш не бркајте некого, ако таа личност не покажува интерес за вас, не можете да ја натерате на сила, ниту една стратегија нема да ви помогне.

– Рутината е непријател број еден на долгите врски и браковите, мора да бидете активни во одржувањето на љубовта.

– Апсолутна невистина е фразата „Љубовта е сѐ што ви е потребно“, во врската има многу повеќе од само емоции.

– Некои луѓе се прекрасни во фазата на меден месец, а потоа доаѓа до израз нивното вистинско „јас“.

– Никогаш нема да бидете 100% сигурни дека партнерот нема да ве изневери и не постои ништо што можете да го направите како превенција тоа да се случи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *