8 фрази кои не треба да му ги кажувате на вашето дете

„Дали си сигурен/а дека можеш?“ – Вака ги поттикнувате двоумењата на детето и во него будите несигурност.

8-frazi-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhuvate-na-vasheto-dete-01.jpg

Родителите кажуваат разни работи во екот на кавгите со децата.

Но, внимателноста не смее да попушти ниту за миг и некои работи не треба да бидат кажани. Со овие фрази му ја повредувате гордоста на вашето дете и можете да го предизвикате неговиот бес.

Фрази кои не треба да му ги кажувате на вашето дете:

„Живееш под мојот покрив, па затоа ќе ги почитуваш моите правила“. – Ја повредувате неговата гордост.

„Јас бев одгледана на тој начин и сѐ беше во ред.“ – Секое дете е уникатно, па таков треба да биде и пристапот.

„Мразам кога го правиш ова.“ – Детето може да ја прескокне фразата и да запомни само „Те мразам“.

„Ист си како татко ти/мајка ти.“ – Не само што го навредувате него, туку и неговиот друг родител.

8-frazi-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhuvate-na-vasheto-dete-02.jpg

„Биди како Матеј/Јована или било кое друго дете“ – Не ги споредувајте децата, секое има свои предности и мани.

„Ти си толку паметен.“ – Звучи како убава фраза, но може да направи вашето дете да мисли дека има некој природен дар и дека во животот нема потреба да се труди да прави нешто посебно.

„Дали си сигурен/а дека можеш?“ – Вака ги поттикнувате двоумењата на детето.

„Што си ти, будала?“ – Децата ги помнат ваквите навреди и тие имаат негативен ефект врз нивната самодоверба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *