„WILD“ диета – килограмите се намалуваат, а расположението докажано се подобрува

Оваа диета е наменета за сите оние кои сакаат вкусна храна и уживаат во тоа. Со WILD диетата, вашето тело ќе започне да согорува маснотии наместо шеќери. И не, не станува збор за кетогена диета.

WILD-dieta-01.jpg

Креаторот на оваа феноменална диета е Абел Џејмс. Тој се инспирирал од идејата да се храни здраво.

Концептот на диетата е многу едноставен – ослободете се од целата вештачка храна, сите вештачки додатоци и фокусирајте се само на здрава и домашна храна.

Ова звучи едноставно, но ќе се запрепастите колку различни вештачки адитиви содржи храната што ја јадеме секојдневно.

Што треба да јадеме за време на WILD диетата?

Дозволена храна:

  • Месо: пилешко, свинско месо, говедско месо, сланина, мисиркино
  • Морска риба и плодови: лосос, гргеч, крап, ракчиња, итн.
  • Јајца
  • Зеленчук: спанаќ, кељ, брокула, карфиол, артичоки, домати, краставици, пиперки, итн.
  • Масла: маслиново масло, кокосово масло, масло од авокадо.
  • Јатки и семки: ореви, кикиритки, сончоглед, ленено семе, чиа семе, лешници, бадеми.
  • Намази: путер од кикиритки, путер од бадем (домашен).
  • „Млечни“ напитоци: кокосово млеко, бадемово млеко.
  • Пијалаци: вода, незасладен чај, црно кафе и кисела вода.
  • Зачини: лук, какао, сол, куркума, јаболков оцет, балсамико оцет, свежи билки.
  • Природни засладувачи: јаворов сируп и стевија.

Храна што треба да се јаде во ограничени количини:

  • Овошје: јаболко, портокал, лимон, цреша, јагода, малина, капинка, боровинка (ограничен внес на помалку од две порции на ден).
  • Млечни производи: козји млечни производи, путер, јогурт, кефир, урда, масни сирења.
  • Чоколадо: квалитетно темно чоколадо со висок процент на какао.
  • Алкохол: црвено вино, не повеќе од две чаши на ден.

Поентата е дека можете да јадете сè додека е природно, свежо и без никакви дополнителни, вештачки адитиви.

Храната која е богата со растителни влакна и хранливи материи ќе му помогне на вашето тело да согорува маснотии и да го користи како гориво за енергија, наместо шеќер.

Што не смее да се јаде за време на диетата WILD?

  • Заборавете на брза храна – колачи, слатки, сокови, сè што има преработен бел шеќер во составот, како и храна богата со јаглени хидрати.
  • Елиминирајте ги житото од вашата исхрана – белото брашно и сè што содржи бело брашно.
  • Индустриски рафинирани масла, особено ако користите масла од пченка и соја.
  • Мешунки: грав, леќа.
  • Компири: обичен компир, сладок компир.
  • Ослободете се од купените сосови – сите видови на преливи од типот на мајонез, кечап и др.

Придобивки од WILD диетата

Оваа диета ќе ви помогне да го одржите здравото ниво на шеќерот во крвта и да ја намалите можноста за развој на хронични заболувања како што се дебелината, кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот, па дури и одредени видови на карциноми.

Зголемениот внес на протеини, растителни влакна и здравите масти ќе ве доведе до посакуваната тежина, за релативно краток период.

Недостатоци на WILD диетата

Иако станува збор за многу добро скроена диета, сепак истата има и некои недостатоци.

Одредени јадења што се забранети се здрави, како на пример житарките, гравот, леќата, слаткиот компир. И докажано е дека оваа храна во некои други диети помага да ослабите. Сепак, ќе мора да се лишите од истата ако решите да ја држите WILD диетата.

Исто така, ако строго се придржувате кон оваа диета и започнете драстично да губите тежина, можно е да започнете да губите и мускулната маса. Луѓето кои не толерираат диета базирана на масти, треба да го избегнуваат овој вид на исхрана.

Пред да започнете со овој план на исхрана, задолжително консултирајте се со вашиот лекар или нутриционист, бидејќи тие ќе ви го дадат најдобриот совет и ќе знаете дали оваа диета е добра за вас или не, како и колку време е нормално да ја држите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *