Кои мириси привлекуваат среќа, пари и љубов во домот?

Дали знаете дека може да привлекувате љубов, пари и среќа со одредени мириси во домот, исто како и со мирис на местата на телото каде што се сместени чакрите?

koi-mirisi-privlekuvaat-sreka-pari-i-ljubov-vo-domot-01.jpgфото: depositphotos.com

Мирисите сами по себе имаат голема моќ, а кога таа ќе се здружи со енергијата која зрачи од 7-те чакри, може да ви помогнат да постигнете многу.

Ароматерапијата е древна исцелителска метода и според Фенг Шуи мирисите се манифестација на енергијата на просторот во кој се престојува.

Најважно е домот да мириса на чисто, сите останати мириси создаваат негативна енергија. Многу е важно просторот во кој се живее, да се проветрува често.

koi-mirisi-privlekuvaat-sreka-pari-i-ljubov-vo-domot-02.jpg

Треба да избегнувате освежувачи со разни мириси и хемикалии. Природните мириси имаат предност, особено цвеќињата.

Користете природни извори на мирис – масла, свеќи, свежо цвеќе или овошје. Со етерични масла може да си направите спреј за освежување во комбинација со вода.

koi-mirisi-privlekuvaat-sreka-pari-i-ljubov-vo-domot-03.jpg

Етеричните масла со мирис на портокал привлекуваат среќа и задоволство.

Мирисот на бор привлекува пари и заштита.

Камфорот ја одбива негативната енергија.

Мирисот на лаванда носи мир.

Ако имате етерични масла со мирис на лимон, тогаш луѓето во домот ќе имаат контрола на емоциите и ментална стабилност.

Мирисот на шумско овошје привлекува пријателство и љубов во домот.

За сите кои се во потрага по искрена љубов, мирис на орхидеи и рози е вистинскиот избор.

Слатките мириси на ванила и цимет носат брачна среќа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *