Забавен рецепт кој ќе го обожаваат и дечињата – овошен „помфрит“ со здрав, сладок сос

Понекогаш е потребно само малку имагинација со цел „здодевните“ продукти да ги претворите во забавни. Овој рецепт е толку едноставен, а ве уверуваме дека и покрај насловот не подразбира никакво пржење, готвење или пак дополнителни калории.

Ovoshen-pomfrit-so-sladok-sos-01.jpg

Само здраво овошје и сладок сос кој се подготвува од исто така здрави состојки. Подгответе овошен „помфрит“ со сладок сос.

Потребни состојки:

  • 1 мала лубеница
  • 1 мала диња
  • 1 свеж ананас

За слаткиот сос потребно ви е:

  • 1 шолја грчки јогурт
  • ¼ шолја кокосово млеко
  • ¼ шолја путер од кикиритки или путер од бадеми
  • ¼ шолја мед или јаворов сируп
  • ¼ лажичка цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  • Исечкајте го овошјето како на фотографиите, во облик на тенки стапчиња со еднаква должина, слично на помфрит.
  • Измешајте ги сите наведени состојки за слаткиот сос и оставете го во фрижидерот околу 15 минути да се олади заедно со овошјето.
  • Сервирајте го овошјето во голема чинија, а слаткиот сос ставете го во средината и – време е за макање.
Ovoshen-pomfrit-so-sladok-sos (1).jpg
Ovoshen-pomfrit-so-sladok-sos (2).jpg
Ovoshen-pomfrit-so-sladok-sos (9).jpg
Ovoshen-pomfrit-so-sladok-sos (8).jpg
Ovoshen-pomfrit-so-sladok-sos (5).jpg
Ovoshen-pomfrit-so-sladok-sos (6).jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *