Зошто во некои ресторани добивате леб пред храната која сте ја нарачале?

Дали некогаш сте се зачудиле кога на масата во ресторан или кафана ќе ви донесат порција леб, пред да ви пристигне храната која сте ја нарачале?

zosto-vo-nekoi-restorani-dobivate-leb-pred-hranata-koja-ste-ja-naracale-01.jpg

Готвачот Рас Адамс од Вашингтон објасни дека не се работи за случајност или фин гест без позадина.

Тој вели дека лебот и печивата кои се послужуваат како предјадење имаат повеќе намени.

Прво, поентата е да ожедните. Жедните луѓе нарачуваат повеќе пијалаци од очекуваното.

Второ, лебот или печивото во каков и да е облик, ја поттикнува работата на желудникот, односно ви отвора апетит и ве прави уште погладни.

zosto-vo-nekoi-restorani-dobivate-leb-pred-hranata-koja-ste-ja-naracale-02.jpg

Третата причина е малку да ги растеретите келнерите додека тие ви го подготвуваат она што сте го порачале.

На последно место е надежта дека ќе оставите бакшиш плус, со оглед на тоа што сте добиле нешто „гратис.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *