Криси Тајген: „Се исплашив дека не треба да се вадат градите во бременост, не очекував да забременам природно“

„Не очекував да забременам природно, сите тестови ми беа негативни. Кога по операцијата видов позитивен тест, се преплашив – бев сигурна дека не треба да се вадат градите за време на бременост“ открива Криси Тајген која неодамна ги извади имплантите пред да дознае дека носи трето дете.

krisi-tajgen-otkriva-se-isplashiv-deka-ne-treba-da-se-vadat-gradite-vo-bremenost-ne-ochekuvav-da-zabremenam-prirodno-01.jpg

34-годишниот модел неодамна ги извади имплантите на гради, а дури подоцна дозна дека била бремена за време на операцијата.

Криси веќе подолг период посакувала да остане бремена и редовно правела тестови, но и последниот пред операцијата се покажал лажно негативен, како и сите претходни кои ги правела.

Немало потреба од сомнежи, бидејќи секако не очекувала дека ќе забремени природно, со оглед на тоа што Луна и Мајлс ги доби со помош на ин-витро.

На Твитер таа доби прашање дали била бремена за време на операцијата, па реши да си ја отвори душата и најави луда приказна.

„Го направив рутинскиот тест за бременост пред операција. Беше негативен. Но, очигледно не бил негативен. Речиси секој месец правам тестови и се молам да видам позитивен некој ден. Никогаш немав позитивен претходно.

На денот на објавувањето на албумот на Џон, тој се разбуди во 3 наутро за во емисија. Се разбудив со него и си реков треба да си го направам месечниот тест за да си се разочарам. Но, не се разочарав! Но бев преплашена! Сигурна бев дека не треба да ги вадиш градите додека си бремена. Сигурна бев.

Се молевме сѐ да биде во ред. Одев на секој преглед преплашена. Дури и без операцијата не очекував дека ќе останам бремена природно. Но очигледно е вистина тоа што го велат. Кога ќе престанеш да се обидуваш, животот ти носи изненадувања. Да сумираме, ме болат градите.

Сепак се надевам дека ова ќе им даде на сите надеж. Ин витрото беше прекрасен избор кој можевме да го направиме. Беше многу тешко, но добивме две прекрасни чудовишта. Ви ветувам, никогаш не верував дека ќе можам. Уште сум загрижена. Ми недостасува безбедноста на моите совршени ембриони, создадени во мал сад. Делуваа недопирливо и безбедно.“

Во меѓувреме Криси повторно го покажа трудничкоо стомаче, овојпат во секси монокини.

krisi-tajgen-otkriva-sigurna-sum-deka-ne-treba-da-se-vadat-gradite-vo-bremenost-novi-seksi-fotki2.jpg
krisi-tajgen-otkriva-sigurna-sum-deka-ne-treba-da-se-vadat-gradite-vo-bremenost-novi-seksi-fotki-03.jpg
krisi-tajgen-otkriva-sigurna-sum-deka-ne-treba-da-se-vadat-gradite-vo-bremenost-novi-seksi-fotki-04.jpg
krisi-tajgen-otkriva-sigurna-sum-deka-ne-treba-da-se-vadat-gradite-vo-bremenost-novi-seksi-fotki-05.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *