Нов скандал: Меланија повторно не му дава на Доналд да ја фати за рака (видео)

Можеме само да претпоставуваме што се случува помеѓу Меланија и Доналд, но изгледа ова видео дава јасен приказ за нивниот однос.

ne-saka-da-go-drzhi-za-raka-melanija-povtorno-bega-od-tramp-video-01.jpg

Викендов се појави видео од Доналд Трамп и сопругата Меланија, на кое се гледа како парот излегува од авион.

Како што почнуваат да се симнуваат по скалите, Доналд се обидува да ја фати Меланија за рака, но таа отсечно ја трга. Уште почудно е што претседателот на САД уште еднаш се обидува да ја фати раката на Меланија, но безуспешно.

Се разбира, ова не помина незабележано на социјалните мрежи. Голем број луѓе велат дека говорот на телото она Меланија кажува многу и дека е повеќе од очигледно дека таа не сака никаков физички контакт со него.

Други, пак, велат дека Меланија само се обидувала да си го држи фустанот бидејќи дува ветер.

На крај се појави и фотографија, на која се гледа дека Доналд сепак успеал да ја фати Меланија за рака, а до нив стои и нивниот 14-годишен син Барон.

ne-saka-da-go-drzhi-za-raka-melanija-povtorno-bega-od-tramp-video-02.jpg

Веројатно се сеќавате дека ова не е прв ваков непријатен настан помеѓу првата дама на САД и Трамп – во видео од 2017-та се случува истото, само што овојпат Доналд не го прифаќа поразот и ја фаќа Меланија за задникот.

Постои и уште едно видео од 2018-та, каде што на Доналд му е потребно подолго време да ја убеди Меланија да го фати за рака. На крај тој успева, но се чини дека Меланија не го направила тоа со задоволство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *