Како изгледаат и што прават денес ѕвездите од „Очајни домаќинки“?

После 15 години од нејзината премиера и осум години од последната епизода, сигурно сте се запрашале што прават ѕвездите од „Очајни домаќинки“.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-01.jpg

Од 2004-та до 2012-та се емитуваше серијата „Очајни домаќинки“ (Desperate Housewives), која ја освои публиката од целиот свет.

Забавната серија беше полна со пресврти и мистерии, а секој можеше да се пронајде во барем еден од ликовите.

Поминаа осум години од крајот на серијата, а во продолжение можете да погледнете како изгледаат актерите денес:

Габриел Солис – Ева Лонгорија

Откако заврши снимањето, Ева позираше за неколку магазини, вклучувајќи ги Vogue, Glamour, Elle и Vanity Fair. Таа стана заштитно лице на L’Oreal Paris, а основа и продукциска куќа – UnbeliEVAble Entertainment.

Ева е во брак со Хосе Антонио Бастон и има еден син, Сантијаго.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-02.jpg

Карлос Солис – Рикардо Антонио Чавира

Рикардо се појави во неколку серии и филмови, вклучувајќи ги Warehouse 13, Burn Notice, Bad Teacher, Castle, Jane the Virgin…

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-03.jpg

Хуанита Солис – Медисон де ла Гарза

Кога се снимаше серијата, Медисон беше само дете и ја глумеше ќерката на Карлос и Габриел. Денес таа има 19 години и е сценарист. Можеби не сте знаеле, но Медисон ѝ е полу-сестра на Деми Ловато.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-04.jpg

Линет Скаво – Фелисити Хофман

Фелисити ја глумеше Линет, мајката со огромно семејство и полни раце работа. После Desperate Housewives, Фелисити се појави во серијата American Crime со улога која ѝ донесе неколку награди.

Таа продолжува да работи како актерка, а нејзиниот последен филм, Tammy’s Always Dying, беше премиерно прикажан во 2019-та.

Во меѓувреме се најде во скандал за измама – прочитајте повеќе ТУКА

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-05.jpg

Том Скаво – Даг Савант

Ликот на Том, сопругот на Линет Скаво, му донесе светска слава на актерот. Откако заврши серијата тој се појави во неколку серии и филмови, како Vegas, Drop Dead Diva, Criminal Minds, Rush Hour и многу други.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-06.jpg

Престон и Портер Скаво – Брент и Шејн Кинсман

Непослушните близнаци на Том и Линет ги глумеа Брен и Шејн Кинсман. Близнаците решиле да го продолжат нивното образование, а и двајцата ја завршија актерската кариера. Изминативе години Шејн патуваше низ Европа, а Брент живее подалеку од очите на јавноста.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-07.jpg

Пени Скаво – Дарси Роуз Бирнс

Дарси се појави во серијата во 7-ма и 8-ма сезона. Откако заврши снимањето, таа ѝ се посвети на уметноста, па сега е авторка, композиторка и танчарка.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-08.jpg

Бри Ван де Камп – Марша Крос

Принципиелната Бри беше еден од поинтересните ликови, а во оваа улога ја гледавме Марша Крос. После серијата, актерката се појави и во Quantico, а сега работи на Jane the Virgin.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-09.jpg

Ендру Ван де Камп – Шон Пифром

После успехот со Desperate Housewives, овој актер постепено се повлекуваше од сцената и се фокусира на уметноста, односно фотографијата. 

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-10.jpg

Сузан Мајер – Тери Хачер

Откако заврши Desperate Housewives, Тери се појави во неколку серии, од кои најпознатите се The Odd Couple и Supergirl. Таа има и нејзин YouTube канал, каде што споделува рецепти.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-11.jpg

Мајк Делфино – Џејмс Дентон

Од 2015-та Џејмс ја има улогата на Сем Редфорд во серијата Good Witch. Тој се појави и во серијата Devious Maids.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-12.jpg

Џули Мајер – Андреа Боуен

Денес Андреа има 30 години и е колку-толку повлечена од јавниот живот. Сепак, таа се појави во Jonny’s Sweet Revenge, а имаше и неколку помали улоги во други проекти.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-13.jpg

Пол Јанг – Марк Моузес

После серијата, Марк се појави во неколку филмови и серии, вклучувајќи ги Mad Men, Homeland, Mr. Robot и Grey’s Anatomy.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-14.jpg

Зек Јанг – Коди Каш

Денес Коди има 32 години, а после серијата се појави во неколку филмови, вклучувајќи го и The Last Rescue.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-15.jpg

Иди Брит – Николет Шеридан

Поради несогласувања, Николет ја напушти серијата неколку сезони пред нејзиниот крај. Потоа, таа се појави во серијата Dynasty.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-16.jpg

Рене Пери – Ванеса Вилијамс

Ликот на Рене се појави во последните две сезони. После серијата, актерката Ванеса беше дел од неколку филмски проекти, како Hannah Montana: The Movie и Temptation: Confessions of a Marriage Counselor.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-dzvezdite-od-ochajni-domakjinki-17.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *